Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните 24 часа се регистрирани 252 нови случаја на ковид-19 од 867 направени тестови, 426 оздравени пациенти и ниту еден починат

Новите 252 случаја на ковид-19 се пријавени во Скопје – 127, во Кавадарци – 14, во Куманово, во Битола и во Охрид – по 12, во Велес – 10, во Прилеп – 8, во Тетово – 7, во Гостивар и во Кичево – по 5, во Штип, во Кочани и во Демир Хисар – по 4, во Струга, во Гевгелија, во Делчево и во Виница – по 3, во Струмица, во Неготино, во Ресен, во Свети Николе, во Крива Паланка и во Богданци – по 2, во Пробиштип, во Кратово, во Крушево и во Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ регистрирани се пет смртни случаи – по два во Скопје и во Прилеп и еден во Охрид во периодот од 18 до 24 август.
Досега во земјата се направени вкупно 2.147.514 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 339.492, бројот на оздравени пациенти е 327.780, на починати е 9.473, а бројот на активни случаи изнесува 2.239.