Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Едно лице почина, 47 излекувани, седум новозаболени

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден починат, седум новозаболени и 47 излекувани лица е биланс за ковид-19 во земјата во последните 24 часа, соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ). Смртниот случај е евидентиран на Клиниката за инфективни болести каде почина 65 годишен пациент од Скопје кој бил хоспитализиран на 27 април.

Од МЗ информираат дека на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска се регистрирани 47 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 9, од Куманово – 9, од Прилеп – 8, од Тетово – 13, од Охрид – 1, од Гостивар – 5, од Кочани – 1 и од Крива Паланка – 1.

Во изминатите 24 часа, како што се посочува, се направени 113 тестирања, а потврдени се седум нови случаи со ковид-19 и тоа во Скопје – 1, во Прилеп – 1, во Тетово – 4 и во Кратово – 1.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 441.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 512, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп – 159, Тетово – 90, Струга – 67, Велес – 77, Битола – 19, Охрид – 15, Кавадарци – 5, Гостивар – 17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево – 1, Валандово – 1, Виница – 2, Кратово – 1.

Направени се 113  теста и тоа преку ИЈЗ – 108 и МАНУ – 5. Досега во земјата се направени вкупно 17.359 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени двајца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација е еден пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 24 од кои на респираторна машина се пет пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица, а уште четворица се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово, во Гостивар и во Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид-19, стои во соопштението од МЗ.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.