Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен Ковид биланс: Девет починати лица, 90 новоинфицирани и 48 излекувани

0
By Нова ТВ on June 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Девет починати лица, 90 новоинфицирани и 48 излекувани е ковид билансот во земјава за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од таму посочуваат дека во изминатото деноноќие се направени 665 тестирања од кои со позитивни наоди се 36 лица од Скопје, осум од Штип, четири од Тетово, 10 од Струга, по две од Велес, од Битола, од Куманово, од Кочани и од Свети Николе, шест од Ресен, 13 од Охрид и по едно Гостивар, од Крушево и од Пробиштип-1.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 48 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 9, од Штип – 30, од Тетово – 1, од Велес – 1, од Гостивар – 4, од Струмица – 1, од Кочани – 1 и од Пробиштип – 1.
Починати се девет лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 90 годишна возраст, хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје на возраст од 64 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа пациентка од Скопје на 70 годишна возраст, хоспитализирана на 10 јуни, пациент на возраст од 61 година од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје на возраст од 57 години, примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница 64 годишен пациент од Скопје, кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден како позитивен по приемот.

Во Клиничката болница во Тетово починаа – две лица, пациент на возраст од 60 години, хоспитализиран на 20 јуни и пациентка на возраст од 70 години, хоспитализирана на 15 јуни. Во Општата болница во Охрид вчера почина пациент на возраст од 64 години, чиј позитивен резултат е потврден денес.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.196, бројката на оздравени пациенти е 1.974, на починати е 247, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 2.975. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 2.534, активни 1.721
Куманово – 694, активни 241
Дебар – 82, активни 30
Штип – 275, активни 188
Прилеп – 231, активни 18
Тетово – 538, активни 326
Струга – 180, активни 100
Велес – 167, активни 33
Битола – 42, активни 13
Охрид – 112, активни 92
Кавадарци – 11, активни 6
Гостивар – 83, активни 50
Гевгелија – 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 10, активни 6
Крива Паланка – 11, активни 5
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 6, активни 3
Кочани – 61, активни 27
Пробиштип – 13, активни 10
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 2, активни 1
Валандово – 6, активни 4
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 4, активни 2
Свети Николе – 16, активни 14
Кичево – 8, активни 5
Ресен – 65, активни 64
Неготино – 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 665 теста се преку ИЈЗ – 217, преку ЦЈЗ Скопје – 34, преку МАНУ – 189, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 106 и преку „Систина“ со PCR метода (за вчера и денес) – 119. Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени 13 нови пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на ковид-19.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 12 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 132 пациента. На респираторна машина се шест лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 394
Аеродром – 135
Бутел – 144
Гази Баба – 156
Центар – 137
Карпош – 116
Сарај – 137
Кисела Вода – 98
Ѓорче Петров – 83
Студеничани – 86
Шуто Оризари – 73
Арачиново – 55
Илинден – 31
Петровец – 14
Чучер Сандево – 16

Сопиште – 13
Зелениково – 2
Странец – 4
Нераспределен – 4

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.