Со ДНК анализата е утврдено дека телотот кое беше пронајдено по пожарот на хотел на Попова Шапка е на професорот професорот при Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово и поранешен член на Регулаторната комисија, Рухи Бакиу, потврди наодот на судска медицина.
Денеска во Тетово неговото семејство ги погреба посмртните останки на Бахиу, чие тело било во опожарениот хотел Д хаус, поранешен Гранит, на Попова Шапка.
>>Телото во пожарот на Шапка е на професорот Рухи Бакиу?
Пред два дена сопственикот на опожарениот хотел Александар Донев во изјава за НОВА рече дека во хотелот никој не можел да влезе, а да не провали.
Како што НОВА беќе објави автомобилот на професорот кој имал и викендичка на Попова Шапка бил пронајден таму, а неговиот мобилен телефон пред влезот на хотелот. Од СВР Тетово велат дека се вештачи и автомобилот на Бакиу, а увидот на терен завршил.
>>Пожарот на Шапка со хотелот голтна и човечки живот
Извори за НОВА велат дека телото било пронајдено внатре во хотелот под еден од креветите.
Професорот Рухи Бакиу неодамна јавно се пожалил дека стравува оти некој сака да го убие е дека сообраќајната несреќа која ја имал била резултат на тие намери.




