ДИК до 5 ноември треба да излезе со комплетен избирачки список. Во него треба да бидат внесени обработени податоци од Државниот завод за статистика.
Членовите на ДИК на 52 втората седница констатирале дека комисијата постојано врши ажурирање и го води Избирачкиот список и побарале од Државниот завод за статистика да ги достави сите обработени податоци од Избирачкиот список до Државната изборна комисија најдоцна до 18 октомври, се вели во соопштението.
Од комисијата велат дека откако ќе ги добијат податоците, обработениот Избирачки список ќе биде ставен на увид на веб-сајтот на ДИК и во подрачните одделенија и канцеларии.
Работната група за проверка на Избирачкиот список ќе закаже седница во рок од три дена од добивањето на обработените податоци на ИС на која ќе го разгледа и ќе даде конкретни предлози за понатамошни активности.
Рок за завршување на сите наведени активности e 5 ноември.




