Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До МОН досега пристигнале над 2100 пријави за сместување во студентски домови, конкурсот завршува утре

0
By Marija Todorovska on July 30, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 2100 електронски пријави пристигнале до денеска во Министерството за образование и наука од студенти од втора до шеста година додипломски студии и од апсолвенти за сместување во некој од студентските домови низ државава во учебната 2024/2025 година.

Конкурсот беше отворен на 15 јули и истекува утре на полноќ. За оние што ќе бидат запишани во прва година на студии, аплицирањето ќе биде од 10 до 17 септември 2024.

Од МОН очекуваат дека утре ќе пристигнат голем број пријави, можеби и околу 500, со оглед на искуствата од минатите години дека за аплицирање се чека последниот ден. Сметаат дека ќе има легла за кандидатите што ги исполнуваат критериумите наведени во конкурсот, согласно кој за студенти од втора до шеста година студии и за апсолвенти на располагање се вкупно 3269 места во сите домови во државава.

Покрај нив, со конкурсот се предвидени и 1034 легла за бруцоши, за кои конкурсот ќе биде во септември, односно за сите студенти заедно на располагање се вкупно 4303 кревети во 11 студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

Оваа академска година прием на студенти ќе нема во домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје затоа што пролетта почна долго најавуваната реконструкција. Според планот, таа треба етапно да опфати девет државни студентски домови, а согласно договорот со изведувачот, реконструкцијата на овие два дома треба да заврши за една и пол година.

Од МОН наведуваат дека доколку интересот и бројот на апликации го надмине расположливиот сместувачки капацитет, на заинтересираните студенти кои ќе се пријават на конкурс ќе им се понуди сместување во студентскиот дом „Томе Стефановски-Сениќ“, каде што вкупно се планирани 370 места.

-Исто така, на располагање се и дел од ученичките домови кои не се пополнуваа целосно во изминатите учебни години, велат од МОН.

конкурс МОН студентски домови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.