Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До трети мај: Бесплатни билети за литургија на папата на уште три локации во Скопје

0
By Нова ТВ on April 29, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: business-m.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на светата литургија на папата Франциск на плоштадот „Македонија“ на 7 мај во Скопје, ќе може да подигнат бесплатни билети и на улица „Македонија” кај Спомен куќата на Мајка Тереза, на излезот од ГТЦ кон плоштад „Македонија“ и на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа „Мост“), информира Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија.

Штандовите поставени на наведените локации ќе работат од 9:30 до 17:30 часот, почнувајќи од утре до 3 мај и ќе служат и за информирање на граѓаните за посебните безбедносни и организациски правила.

Како што информираат од владината прес-служба, сите граѓани кои на 7 мај ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за присуство на литургијата на Светиот Отец Папата Франциск ќе треба да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот да го чуваат со себе до крајот на литургијата.

„На 7 мај сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени со потребните услови за работа. Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно, места на работа, преку минување низ еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребен билет за учество на литургијата“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Користењето на автобусите на ЈСП Скопје и на железничкиот сообраќај кон главниот град и надвор од него ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација.

Од владината прес-служба апелираат до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места, како и до сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз и да избегнуваат користење на автомобили.

Посебниот автобуски и железнички возен ред за 7.5.2019 наскоро ќе биде објавен на веб-страната на ЈСП www.jsp.com.mk, на веб-страната на Железници на Република Северна Македонија www.mzt.mk, на Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и на официјалната веб-страна за посетата на Папата Фрациск www.papa.mk.

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај после 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.

Билети Литургија Папа Франциск плоштад Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.