НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До вечер ќе се знае дали Заев се откажува од кандидатурата

0
By Биљана Секуловска on May 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По синоќешните информации дека Зоран Заев најавил повлекување на кандидатурата за лидер на СДСМ, тој денеска за НОВА беше воздржан за ваквите неофицијални информации:

-Не сакам да ги коментирам јавно внатрешните работи на СДСМ. Оваа цела постапка за претседател на СДСМ е внатрешна работа на мојата партија и ве молам да оставиме СДСМ да ги донесе најдобрите одлуки за својата иднина.

Неофицијално, според извори на СДСМ Заев најавил повлекување од кандидатурата доколку е потребен мир во куќата, односно во Партијата, мислејќи на преголемиот број на кандидати кои претендираат за лидерство.

Освен тоа, за кандидатите станува се попроблематичен и фактот што во меѓувреме се собираат потписи за враќање на Црвенковски, кој за мајскиот Конгрес најави дека нема да се кандидира.

Други извори од СДСМ претходно коментираа дека преголемиот број на кандидати го проблематизира изборот, наместо да се кандидираат двајца, по модел на старите, зрели демократии.

Тој пред две недели најави кандидатура заедно со Радмила Шеќеринска како негов заменик-претседател, со што за прв пат ви се востановила ваква функција.

-Моите другари, Зоран Јовановски и Игор Ивановски исто така би биле одлични лидери, доколку го добијат подршка од мнозинството на Конгресот. Нудам свој концепт и визија заедно со кадровското решение кое ќе биде ставено на маса , а тоа е Радмила Шеќеринска, како мој заменик

– Нашата идеја е да понудиме економски решенија и визија за нашата земја, кои тесно би биле врзани и со надворешната политика. Наша интенција е да понудиме алтернатива на живеење со која ќе го свртиме вниманието прво на партијата, а потоа, се разбира на нашите граѓани, од она денес што го имаат со оваа власт, изјави Заев за НОВА.

Оваа изјава на Заев доаѓа по синоќешното повлекување на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, со што го официјализираше почетокот на трката за негов наследник.

Досега познати кандидати се Зоран Заев како лидер и негов заменик Радмила Шеќеринска Игор Ивановски, Зоран Јовановски и Кире Наумов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.