Цуфи Кока, пиштолџијата кои испука куршум и мавташе со оружје кон демонстрантите кај плоштадот „Скендербег“, за време на протестите против францускиот предлог, доби затворска казна од четири месеци, што е повеќе од пола под минималната. До почетокот на издржување на казната, тој ќе биде во домашен притвор.

Обвинителството најави дека ќе ја обжали висината на казната, откако до него ќе стигне писмена пресуда.

Цуфи Кока беше гонет за предизвикување на општа опасност, дело во кое е предвидена казна од една до пет години.