Според последните информации кои што утрово ги објави Гардијан, рускиот хуманитарен конвој се уште не влегол на украинска територија, но 23 руски воени возила во текот на ноќта ја поминале границата.
Украинските гранирачи влегоа во Русија за да исвршат инспекција на конвојот со руската хуманитарна помош. Тие ќе го проверуваат товарот на руска територија кај местото Изварин, кое е под контрола на проруските сили, пренесува Ројтерс.
Конвојот од околу 280 камиони, се наоѓа на 20 километри од граничниот премин со Украина. Како што соопшти Русија тие носат 2.000 тони вода, храна за бебиња и дуга помош.
За Киев и Западот конвојот е можност за влез на руската војска на украинска територија, Москва тое го нарече „апсурдно“.