Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Додека лавчињата се касаат

0
By Marija Todorovska on June 1, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 1, 2025 17:29

Колку време ќе гледаме како ни го цицаат градот со уцени, со калкулации, додека пред камерите си играат гневни мачки и изморени лавови? И не, не ни е гајле кој кому прв рекол лопов, корумпиран или што ти јас знам како. Ни е гајле што го угушивте градот, што дишеме смрден воздух, водата не тече, кучиња скитници касаат луѓе на плоштад, а ѓубрето станува урбана опрема.

Јане Ѓорѓиоски

Додека вмровските, дуиовските и вленовските мачиња и лавчиња се касаат, Скопје, чаирчани, дебармаалци, аеродромци, ѓорчепетровци, киселоводци и другите граѓани се гушат во дивоградби, тонат жедни во ѓубре и смет и се чудат што му направивте на градот. Оние што би требало да носат одлуки се борат на грбот на скопјани, продолжуваат со ганстерски пуцкарања и влегуваат во лични пресметки поради политички и тендерски анимозитет. Во недостиг од институции и визија, добиваме селфи пресметки и фејсбук-драми на ниво на баци-пцуј-блуј.

Фуј!

Од една страна Данела Арсовска, која ја закачија вмровците на градскиот престол, откако се одметна од јатаците ради велат „тендерски несогласувања“, со години ја води метрополата (читај со мало прсте не мрдна) со реторика на независна хероина во постапка, сега одеднаш открива дека Висар Ганиу и Изет Меџити се шампиони на урбаната мафија. Алелуја, Данела!

Од друга страна, Мицкоски – новиот „патриотски премиер“ бара органите на прогонот и правдата да си ја водат постапката и да не се крева многу галама околу ова. Вели имало од се по нешто и дека наскоро ќе сме дознаеле и други детали. Какви детали црни Мицко и зошто наскоро, се прашувате? Па затоашто за да се испеглаат и дотераат политичките калкулации и тендерските љубовчиња секогаш треба време и секогаш се поважни од животот на граѓаните.

Во меѓувреме, скопјани и чаирчани буквално страдаат. Не како метафора – туку со реална жед и мизерија. Тука се и фарсите од типот – „ЈП Водовод и канализација информира дека системот се празни пребрзо поради прекумерна потрошувачка и неефикасна мрежа“.

Додека институциите „постапуваат полека и постепено“, граѓаните „од онаа страна на Вардар“, отвораат чешми од кои не тече ништо и се гушат во ѓубре и шут од шутовите што ги водат, односно, што сами си ги избрале. И општински и градски.

И повторно, никој не презема одговорност. Арсовска тврди дека „полицајците не смеат да примат пријава од неа, ѝ затворале слушалка кога ќе слушнат кој пријавува“, Мицкоски вели „жал ми е што Арсовска добива смртни закани и да оставиме ЈО да си сработи“, а Висар Ганиу и Изет Меџити – наместо објаснување за дивоградбите и неплатените сметки на Општината, обвинуваат за „дестабилизација“ и велат не е така само во Чаир.

Единствената константа драги мои во целата оваа калакурница е – Скопје тоне.

Колку време ќе гледаме како ни го цицаат градот со уцени, со калкулации, додека пред камерите си играат гневни мачки и изморени лавови? И не, не ни е гајле кој кому прв рекол лопов, корумпиран или што ти јас знам како. Ни е гајле што го угушивте градот, што дишеме смрден воздух, водата не тече, кучиња скитници касаат луѓе на плоштад, а ѓубрето станува урбана опрема.

Ако нешто е „дестабилизирано“, тоа е трпението на граѓаните. И ако некој добива поени од ваквиот хаос, тоа не е демократијата, туку криминалот.

А за урбаната култура и упропастената естетика на градот во вакви егзистенционално загрозувачки моменти не останува простор ни да се гукне.

Избори идат. Ќе гукне ли некој?

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.