Претседателот на Република Српска Милорад Додик беше прогласен за виновен пред Судот на Босна и Херцеговина под обвинение за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ.
Додик е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење функција.
Додик не присуствуваше на изрекувањето на пресудата, како и неговиот адвокат Горан Бубиќ.
В.д директорот на Службен весник на Република Србија, Младен Лукиќ е ослободен од обвиненијата.
Ова е првостепена пресуда и постои можност за жалба.