Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договор во “5 до 12“ или референдум? Истекува рокот за Грција

0
By Нова ТВ on June 30, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 30, 2015 14:47

До полноќ истекува рокот во кој Грција треба да уплати 1,6 милијарди евра во ММФ, пред кризата да дојде на самата ивица, а последните информации, како што пишуваат странските медиуми, велат дека е можен договор во “5 до 12“.

Наводно премиерот Алексис Ципрас денеска е во постојан контакт со претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, а на маса бил ставен нов предлог, кој и бил испратен на Атина синоќа.

Се шпекулира дека Ципрас го притискаат и од неговата партија СИРИЗА, каде што неколку луѓе на високи позиции инсистираат да се прифати последната понуда од Европа.

Референдумот ги подели Ципрас и поддржувачите

„Време е политичките лидери на Грција да ја покажат својата одговорност. Да им кажат на своите граѓани кој е ризикот, дека нема да биде лесно, но дека е неопходно“, со овие зборови еден од досега најголемите поддржувачи на грчкиот премиер, Јункер ја потенцираше “неопходноста“, доколку се реализира референдумот предвиден за 5.јули, Грците да гласаат за поддршка на предлогот на меѓународните кредитори за острите мерки на штедење во земјата.

Од друга страна, Ципрас излегувајќи во интервју за државната телевизија, топката ја префрли на грчкиот народ, според чиј одговор, како што рече тој, ќе се црпат аргументите и ќе се зајакне преговарачката положба на грчките претставници пред претставниците на европските кредитори.

„Одлуката ќе ја донесе грчкиот народ. Ако сака вечно да продолжи со острите мерки за штедење што значи илјадници млади луѓе надвор од нашата земја, висока стапка на невработеност и нови заеми, јас тоа ќе го почитувам, но нема да го спроведам“, изјави грчкиот премиер, кој рече дека неговата влада има долгорочен план за справување со тешкиот финансиски лавиринт во кој западна неговата држава.

Од друга страна, како што тврди поранешниот премиер на земјата, Андонис Самарас, се работи за референдум кој би значел “Европа или не“, бидејќи според него, позитивното гласање на референдумот, ќе значи зачувување на европската иднина на земјата.

„Ако сакате да останете во Еврозоната гласајте да, ако сакате банките да бидат отворени гласајте да, и најважно од се ако сакате да останете во Европа гласајте да“, им порача тој на Грците.

Официјалниот предлог на Европската комисија за структурата за спас на Грција

Предлозите на кредиторите содржат три главни точки. Прво масовна даночна реформа, која вклучува преразгледување на системот на ДДВ со зголемување на вредноста на серија категории стоки, зголемување на корпоративниот данок, воведување серија нови и зголемување на актуелните давачки за државната каса, меѓу кои за луксузни стоки и јахти, укинување на даночните олеснувања, вклучувајќи и на субвенциите за земјоделците при купување на гориво.

Втората точка е “болната тема“ на Ципрас, односно пензиската реформа, која има цел етапно укинување на актуелниот систем, со кој на различни категории граѓани им се овозможува предвремено пензионирање, почнувајќи од 53 до 55 година. Од 2022 година тој систем треба да исчезне, единствена возраст за пензионирање за сите да биде 67 години или 62 години со стаж од 40 години. Во Грција во моментов овие рокови се воведени, но ЕК напоменува дека мошне мал број граѓани работат до 67 години.

Третата клучна точка од предлозите на кредиторите е масовна реформа на пазарот на труд, а исто така и на системот за определување на платите во државниот сектор, при што целта е да се воведе единствен систем за плаќање на трудот. Кредиторите бараат да се зголеми и ефикасноста на администрацијата, да се активираат напорите за борба против корупцијата, затајувањето даноци како и мерките против црниот пазар на труд.

Банките затворени до 6.јули, пензионерите до крајот на неделава ги подигаат своите пензии

Неодамнешната Уредба која ја потпишаа претседателот Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас утврдува дека Грците (не важи за странските државјани) ќе можат да подигнат само 60 евра дневно од банкоматите додека банките во земјата бидат затворени до 6.јули.

Од друга страна денеска грчкото Министерство за финансии соопшти дека со цел пензионерите кои немаат платежни картички да подигнат пензии од банкоматите, Грција ќе отвори експозитури на банки кои ќе работат до крајот на неделата каде ќе се исплаќаат средствата на пензионерите.

На пензионерите оваа недела ќе им биде овозможено да подигнат до 120 евра од своите сметки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.