Вработените во РТС беа евакуирани на еден час по дојавата за поставена бомба во зградата на Таковска улица во Белград. Како што пренесува Н1, вработените полека се враќаат во објектот и на нивните работни места, а припадници на Министерството за внатрешни работи, кои со кучиња трагаа по експлозивната направа, го објектот.
Според Н1, пред зградата на РТС се наоѓа уште едно полициско возило. Вработените во РТС велат дека дојавата за поставена бомба стигнала пред 14 часот, дека сите биле шокирани од веста и дека по наредба на обезбедувањето веднаш ја напуштиле зградата.