Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дојче веле: Германија би можела да посредува во спорот за името

0
By Нова ТВ on November 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 6, 2013 09:49

Во услови кога ЕУ е „неподвижна“, Германија како една од најважните земји во Унијата, би можела да посредува во спорот за името меѓу Македонија и Грција, вели за Дојче Веле
Јирген Климке, пратеник на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот.

Германија е исклучително внимателна кога е во прашање спорот за името меѓу Македонија и Грција. Тоа се потврди и при вчерашната (5. ноември) средба во Берлин на канцеларката Ангела Меркел со медијаторот Метју Нимиц.

Разговорот зад затворени врати беше проследен само со кусо формално соопштение на владината служба за информирање, без конкретни детали и со констатација дека медијаторот и натаму ја има целосната поддршка од Меркел и од Германија.

За разлика од ваквата воздржаност на високата германска политика, членовите на Бундестагот години наназад отворено ја изразувале својата поддршка за Македонија. Шест недели пред состанокот на Европскиот совет, Јирген Климке и Петер Вајс, парламентарци од пратеничката група на демохристијаните во новиот состав на Бундестагот, за ДВ го толкуваат развојот во Македонија по петтата препорака на еврокомесарот Филе за старт на пристапните преговори.

Според Јирген Климке, за Македонија и натаму остануваат актуелни трите големи предизвици: ЕУ и НАТО интеграциите, меѓуетничкиот соживот на Македонците и Албанците и подобрување на социјалната состојба со намалување на невработеноста. Овие работи според него се важни како за Македонија, така и за ЕУ, но како вели, поради спорот за името не може да се исчекори нанапред.

„За нас Германците е важно и двете земји (Грција и Македонија н.з.) да ги имаме во ЕУ. Важно е сите земји од поранешна Југославија да бидат дел од Унијата. Кога во Бундестагот ќе биде етаблирана Комисијата за надворешни работи сигурно дека таа ќе се позанимава со ова прашање.

Јас уште еднаш би го иницирал и би го актуелизирал, зашто сметам дека тоа е и наша одговорност. Како една од најважните земји во ЕУ, Германија тука би можела да модерира, да понуди цврсти опипливи предлози преку кои би можело да се дојде до решение кое ќе биде прифатливо за сите“, подвлекува Климке.

„Толку долго се измачуваме со пристапниот процес, претрпевме толку неуспеси, што ми е навистина тешко да говорам за некаква перспектива. Но, мислам дека предлогот на комесарот за проширување Филе навистина може да придонесе со Македонија да се оди напред, зашто за македонскиот народ е неподносливо што поради спорот за името, толку години мора да чека на конкретен старт на пристапните преговори“, коментира и Петер Вајс.

Официјален Берлин досега не сакаше да се инволвира во спорот со името меѓу Македонија и Грција , иако имало многу ситуации во кои можел да го искористи својот авторитет и да побара поголема солидарност од Атина во однос на проширувањето.

Дали новата германска влада ќе може повеќе да придонесе во решението на спорот за името?

Јирген Климке вели дека поддршката која ја добила Грција од Германија била разумна и
потребна, не само од финансиски аспект, туку гледано и долгорочно и структурно.Тој подвлекува дека Грција има повеќе отворени прашања како на пример поделениот Кипар, а секако спорот околу името со Македонија.

„Ако сакаме да и‘ помогнеме на Грција треба да очекуваме еден вид противуслуга. На пример: Грција дополнително очекува поддршка од нас и од ЕУ околу бегалците во однос на ФРОНТЕКС. Ова би била разумна поддршка, но ние би морале да кажеме ‘и вие мора малку да се придвижите кај нерасчистеното прашање околу Македонија’! Тоа е форма на деловност, би кажал вид на давање и земање, израмнување во кругот на семејството“, забележува Климке.

„Никој во Европа нема симпатии за Грција во расправијата околу името. Грција е релативно осамена, но ја користи можноста со својот глас да го блокира пристапниот процес на Македонија. Германскиот Бундестаг пред повеќе години донесе многу јасен заклучок за Македонија околу спорот за името и се стави на страната на Македонија.

Во јасниот став на германскиот Бундестаг по ова прашање нема сомневање. И секако парламентарците ја притискаат владата во прашањето околку Македонија да дојде до добро решение. Сите напори, меѓутоа, се попусти ако Грција не се придвижува. Ова го доживуваме повеќе години“, го образложува својот скептицизам Петер Вајс.

Климке се сомнева во вистинската закана која би дошла од минатонеделното писмо околу спорот за името и Македонија на 23-тројцата поранешни амбасадори до премиерот Самарас. Вели, нејасни се околностите под кои писмото е напишано. Можеби само еден екс-амбасадор ја имал идејата, а останатите на негово барање се потпишале? Можеби се сакало да се пренасочи темата и уште еднаш јасно да се посочат грчките позиции?

Секој од тактички причини има право да ги претстави своите ставови, смета Климке, но не треба да се заборави дека има и трета страна. Унијата, во моментов е многу „неподвижна за да го реши ова прашање“, но тука е и Германија која интензивно се ангажира околу поддршката на Грција.

„Од новата влада ќе побараме да се ангажираме во посредувањето и да се ориентираме кон решение. Да нема само зборови и конференции без решение, туку да има резултат“, истакнува Јирген Климке за ДВ, кој едновремено потсети и на актуелниот внатрешен проблем на Македонија кој изминативе недели доби на публицитет.

„Слободата на информирањето за Македонија е исто толку значајна колку и етничкиот соживот. Дојче веле припаѓа на малкуте портали кои пласираат надпартиски содржини во Македонија. Сите други се испреплетени со економијата и политиката. Пишуваните медиуми и телевизијата важат како контролирани од владата.

Новинарите кои критички гледаат директно или индиректно се заплашуваат и се под закана. Потоа, тука е и новиот нацрт на Законот за информирањето кој се’ уште се оспорува и за кој има мислење и од Советот на Европа. Значи прашањето за слободата на медиумите, како дел од базичната демократија е многу значајна точка и секако ќе се земе предвид при приклучувањето на Македонија во ЕУ“, вели во разговор за ДВ Јирген Климке, пратеник на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.