Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доктор Лазаров ги објави податоците: 15.700 кутии диазепам до крај на вчерашниот ден

0
By НОВА ТВ Terziova on June 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

15.700 кутии диазепам за крај на денот, објави докторот Ненад Лазаров на својот фејсбук профил.

Утрото до 8.30 часот беа издадени 1150 кутии диазепам, а оваа бројка до 11 часот се зголеми на 6200 кутии, пишува во неговата објавата.

Докторот пред неколку месеци објави податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти диазепам, 300.000 повеќе од 2015 година.

Од Здружението на приватни лекари вчера за НоваТВ изјавија дека тоа, главно, е редовна терапија што им се препишува на пациентите за наредните 3  месеци, бидејќи се наближува лето и многу повозрасни пациенти  заминуваат по селата и на одмор.
„Но сигурно е дека, освен како хронична терапија, дел е препишан и за акутни состојби. Живееме во многу стресен период, фирми се затвараат, еве и цените повторно се зголемуваат, па дел од граѓаните го бараат излезот во земањето  седативи и анксиолитици. Им препишуваме и хелекс за овие состојби, но диазепамот предничи“, вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението.

Диазепамот има изразено смирувачко дејство и се користи за лекување на широк спектар на болести и состојби проследени со анксизност, страв, немир, напнатост, несоница, напади на паника како и кај мускулни грчеви, апстиненцијален синдром кај зависност од алкохол и опиоиди и невротски растројства. Диазепамот има брз почеток, висок степен на ефикасност и долготрајно дејство во споредба со некои други бензодиазепини, кои се користат за третман на  акутни епилептични напади и напади на паника.

Големите количества диазепам се терапија за 3 месеци, но и за акутни стресни состојби, велат лекарите

диезепам Македонија ненад лазаров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.