Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Докторка на Клиника за токсикологија заболена со КОВИД-19

0
By Менче Атанасова Точи on April 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2020 18:27

Министерот не ја коментираше и одлуката на приватните лаборатории драстично да ги зголемат цените на ПСР тестовите. Само потенцира дека и тој се информирал од медиумите дека ја зголемиле цената во моментот кога Фондот за намали цената на државните лаборатории

Докторка од Клиниката за токсикологија е заболена со КОВИД-19, дознава НОВА. Таа завчера имала температура, а била на своето работно место, прегледувала пациенти бидејќи немало кој да ја замени. Вчера кога требала да биде на дежурство состојбата и се влошила и е однесена на Инфективната клиника. Вработените од клиниката се исплашени бидејќи имала многу контакти, а прегледувала и пациенти. Се сомневаат дека кластерот потекнува од една пациентка која била шетана на релација- болница„8 Септември“, Токсикологија, Ендокринологија. Пациентката била дијабетичар, а нејзината голгота траела од 16 до 24 април.

НОВА го праша министерот Филипче каде е сега пациентката, каква е нејзината состојба, колку вработени ќе бидат ставени во самоизолација, дали се контактирани пациентите кои ги лекувала. И секако, дали Клиниката за токсикологија по протокол треба да прима пациенти со КОВИД-19, (таму постојано брзата помош носи пациенти), дали вработените имаат доволно лична заштитна опрема.

„Не сум запознаен со случајот, дозволете да прашам, па да кажам точна информација“, рече министерот Филипче.

Загриженоста кај вработениот медицински персонал на оваа клиника е очигледна, особено што велат дека не се доволно заштитетни, се снаоѓаат со заштитна опрема како што знаат и умеат. Неизвесно е дали ќе се стави  клуч на клиниката која е ургентен центар за интерните случаи.

Министерот не ја коментираше и одлуката на приватните лаборатории драстично да ги зголемат цените на ПСР тестовите. Само потенцира дека и тој се информирал од медиумите дека ја зголемиле цената во моментот кога Фондот за намали цената на државните лаборатории.

„Во однос на тестовите имаше дискусија во Централниот штаб на Владата дека Фондот треба да ги плати тестовите од приватните лаборатории толку колку што ги платиле пациентите. Таква одлука беше донесена и непосредно после тоа, прочитав и јас во медиумите, не е точно дека е со мое знаење, ниту сум бил информиран дека ги зголемиле цените.Така одлучиле тие, а наша одлука беше заради зголемување на капацитет да донесеме цена толку колку што плаќале граѓаните и таа цена да им ја понудиме на приватните лаборатории.

Како што денеска објави Фондот за здравствено осигурување ја повлече донесената одлука за референтна цена од 3600 денари и донесе нова одлука со која новата цена на ПСР тестирање за КОВИД-19 ќе изнесува 1500 денари. Одлуката е донесена на Управен Одбор и во моментов се чека согласност од Министерот за здравство Венко Филипче, по што ќе биде објавена во Службен Весник.

Претходно, цената на ПСР тестовите изнесуваше 5500 денари, а во Фондот велат дека оваа цена била историска, дефинирана уште во 2013 година.

„Со избивање на пандемијата на КОВИД-19, стручните служби на Фондот, врз основа на анализа, ја ревидираа цената на здравствена услуга ПСР тестирање и беше денесена Одлука за нова цена од 3600 денари. Заради јавно достапните информации дека во приватните лаборатории оваа здравствена услуга се наплатува 1500 денари, Фондот ја повлече донесената одлука за цена од 3600 и донесе нова со која цената на ПСР тестирање за КОВИД-19 ќе биде 1500 денари“, потврдија за НОВА, од ФЗОРСМ.

Во однос на Клиниката за детска хирургија каде што 30 луѓе кои работеле по договор на дело им било кажано да си одат дома дека веќе не се потребни, Филипче рече дека проблемот е во изборниот процес, кога се запрени постапките, но сите ќе се обноват, како и оние за патронажните медициски сестри и докторите кои треба да го поминат стажот и за нив ќе бидат одобрени парични средства од Фондот.

Од оваа клиника дома си заминале медицински сестри од интензивна нега, болничари во операционите сали, администација, хигиенчарки, по најмалку пет години работење таму.

Инаку, на новинарско прашање дали знае дека аптеките ги зголемиле цените на маските, по најавата дека треба сите граѓани да бидат заштитени, Филипче одговори декаа не знае, но дека за тоа ќе ги извести и двата инспекторати да извршат контроли.

„Еве и сега ќе повторам граѓаните не мора да купуваат хируршки маски или специјални други за заштита, доволна е прекривка на носот и устата, марама или шал и да се држи дистанца“ рече Филипче.

Се уште не е стигнат ниту лекот“ Ремдесивир“ за кој имаше најава дека ќе почне да се дава на пациентите со КОВИД-19, доколку го добиеме како донација.

„Испратено е барање за донација од Јапонија, се уште немаме одговор“, рече Филипче.

Инаку, денеска требаше да започне терапијата со крвна плазма кај пациентите со КОВИД-19.  Нема  детали за тоа, министерот само рече дека се прави по индикација на лекарите на одделенијата каде што тоа е потребно.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.