Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доктрината на Либералната партија: Пресврт 2018

0
By Нова ТВ on October 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 6, 2013 14:02

„Доктрината Пресврт 2018 е одраз на реформски либерализам според кој не (се) залажуваме со држава што секому еднакво пружа и пружа недоволно. Го дефинираме нашиот профил: изворна социјал-либерална платформа и цврста увереност во концептот на владеење на правото, почитување на човековите и граѓанските индивидуални и колективни права и слободи, заштита на приватната сопственост и економската иницијатива“, потенцираат од Либералната партија.

Според нив, доктрината потврдува дека не преговараме за слободата на македонскиот граѓанин на Европа и светот. За ЛП дека граѓанинот не може да биде зависен од државата што тој самиот ја создава, финанси-ра и гради.

Пресврт 2018 според кој Македонија е отворено и интегративно општество каде граѓанинот – слободоумен поединец: ја ограничува државата, а не својата мисла, е општествено-одговорен и солидарен, го брани своето мислење еднакво со правото на поинакво мислење, и е спротивставен на лажни општествени норми и вредности.

Либералната доктрина не преговара за секуларноста на државата и општеството, за правата на же-ната, плурализмот на информирањето и слободата на изразувањето, правата на маргинализираните групи, слободата на избор на сексуална ориентација, правото на здрава животна средина и здрава храна и ја потврдува определбата на ЛП за соработка со невладиниот сектор.

Доктринарна определба на ЛП е консолидираната и успешна нација, граѓански концепт на Уставот, ре-публиканско уредување и моделот на парламентарна демократија. На македонската нација гледаме според модерната политичка дефиниција, инклузивност и толеранција и како нација на Македонци-те, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите, но и Хрватите, Словенците, Бугарите, Црногорците, Торбешите… што живеат во Македонија и имаат македонско државјанство. Тоа според нас е нацијата со помирени разлики, заедница што почитува и валоризира напор и работа, профит и успех, но нуди и солидарна помош.

– Ние ја имаме веродостојноста да ја устроиме Македонија како земја со Реален баланс и Доминантен и силен среден слој. Затоа се обраќаме кон моментално закрепостените, политички обесхрабрени и партиски клиентелизирани вработени во услужните дејности, менаџери на микро, мали и средни претпријатија, административци, наставници и професори, лекари и медицински персонал, адвокати и судии, припадници на безбедносните и одбранбените сили. Нашата понуда е нов општествен дого-вор со средниот слој кој не е виновен за лошото управување со јавни институции и финансии, ниту за просечноста на (до)сегашните власти.

– Нашата Доктрина предвидува Хумана држава Македонија – со промислена општествена помош како целна субвенција што е механизам и на самиот среден слој. Конкретно, граѓаните во урбаните средини и средниот слој не може два пати да ги плаќаат производите – еднаш на пазарот, а втор пат преку даноч-ните зафаќања употребени за субвенции, објаснуваат Либералите.

Доктрината за Пресврт 2018 промовира политика на управување наместо моќ на владеење и гаран-ција дека државната или локалната влада во која ќе учествува ЛП – нема да отпушта вработени во са-мо по основа на политички реваншизам. Порачуваме: нема поткусурување со вработените во адми-нистрацијата и јавните претпријатија, доста е понижување, доста е трепет од политичка освета пред и по секои избори над секој од нас – од вратар до референт, од хигиеничар до советник.

Нормално, економијата ни е приоритет. Затоа Пресврт 2018 зборува за Правилно буџетирање за одго-ворно управување: ништо не е бесплатно, а успешно управување е ускладеноста на јавните приходи и трошоци без да се задуши стопанството. Конкретни мерки што предвидуваме во Доктрината се:
– Промислена фискална политика и одговорно задолжување со дефицит од максимум 3% од БДП;
– Намалени давачки за бизнисот без скриени трошоци,
– Временски ограничено прогресивно оданочување за надополнување на буџетската дупка,
– Еднократна даночна амнестија,
– Редефинирање на субвенционирањето и негово ширење во образованието и основните услови за сместување на социјално-загрозените семејства,
– Унапредување на јавните набавки со враќање на квалитетот како параметар за избор,
– Одговорно развојно и профитно управување со јавниот имот.

За разлика од другите, вршењето на јавните дејности и услуги го темелиме на Јавно-приватното партнерство за развојно инвестирање и конкурентни услуги:
– Во развојот на инфраструктурата чија вредност на градба надминува износ поголем од 1/5 од годишниот државен буџет,
– На локалната инфраструктура (водоводи, паркинзи, електроцентрали и сл.),
– Во комуналните дејности,

Но зборуваме и за еден суштински проект за земја без излез на море како нашата – концесионирање на морското крајбрежје во соседните држави на подолг рок – албанското јадранско крајбрежје и дело-ви од грчките и бугарските пристаништа (Солун и Бургас).

Либералната Доктрина се спротивставува на државен протекционизам и Претприемачот го става на пиедестал. За нас економијата, а не администрацијата е резервоар за вработување. Признаваме дека не сме популисти како големите партии и не регрутираме гласови со закрепостени поддржувачи.

Затоа, не се фокусираме само на големите компании и ја имплементираме европската стратегија за економски раст 2020 во Македонија целејќи:
– Вработеност од минимум 70% од населението на возраст меѓу 20 и 64 години;
– Инвестиции во истражување и развој од 1% од БДП;
– Намалување на бројот на лицата изложени на сиромаштија за 30%;
– Реструктуирање на образовниот систем што поттикнува квалификувана работна сила за учест-во на пазарот на труд апсорбирана во реалниот сектор.

Нема да ги наведувам сите мерки, но ќе се задржам на приоритетите:
– Идните прописи нема да го зголемуваат товарот на малите и средни претпријатија (МСП);
– Олеснување на пристапот на МСП до договорите за јавни набавки;
– Овозможување државна поддршка на конкурентноста на МСП без нарушување на правилата за државна помош;
– Формирање т.н. единствени контактни точки за помош на компаниите за прекугранични услу-ги;
– Воведување на принципот „само еднаш“ – при поднесување податоци пред електронски повр-заните државни служби и институции;
– Креирање одржлив инструмент за микро-кредитирање и
– Изедначување на условитре за пристап на домашните и странските компании во технолошко-индустриските развојни зони.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.