Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на , е добитник на Audience Choice Prize на , една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.
Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ триумфираше меѓу документарни остварувања од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да допре и да одекне далеку надвор од своите географски граници.
Audience Choice Prize важи за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, бидејќи произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината емоционална поврзаност со делото. Често се смета и за силен показател за долгорочен меѓународен одек и успех.
Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и од дијаспората, како и од гледачи ширум светот кои се вклучија во гласањето, претворајќи ја наградата во заедничка победа што ги надминува националните и културните граници.
„Ова е можеби најважната награда што ја освои ‘Силјан’, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето ја сплоти македонската јавност и безусловно ѝ даде глас на оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи искрената емоција“, изјави Котевска.
Филмот, кој беше откупен од и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат универзална сила и можат да обединат публика низ целиот свет.
Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.




