Американската национална безбедносна агенција (НСА) ги прекршила правилата за приватност и ги пречекорила своите законски овластувања илјадници пати во изминатите две години, според документите што протекоа од Едвард Сноуден.
Инцидентите резултираа со неовластен електронски надзор на американските граѓани, според документите објавени од страна на Вашингтон пост.
Г-дин Сноуден, поранешен НСА изведувач, ги протече првите тајни документи на американските и британските медиуми.
Нему му е даден азил во Русија.
Во четвртокот, Вашингтон пост објави на својата веб страница избор на документи, за кои рече дека се обезбедени од страна на г-дин Сноуден, кој избега од САД во јуни, по обезбедување на документи на Гардијан и Вашингтон Пост, во кои стојат детали за НСА надзорните програми.