Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Документите од хартија наскоро заминуваат во историјата

0
By Нова ТВ on March 4, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2019 13:24

Документите од хартија наскоро ќе можат да бидат заменети со електронски кои ќе се добиваат само со неколку кликови. Секој граѓанин ќе може електронски да добива законски валидни документи од својот дом или секаде каде што се наоѓа, кои ќе бидат доставувани по електронска пошта и ќе бидат со еднаква вредност и важност како оние добиени на шалтер и во хартија.

За оние граѓани што нема да можат да побараат услуги по електронски начин ќе постои и старата опција да ги добијат преку канцелариите за една точка на услуги и на другите шалтери на институциите кои нудат услуги, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тоа, како што истакна на денешната прес-конференција, го овозможува усвојувањето на трите нови закони од страна на Владата – законот за централен регистар на население, законот за електронско управување и електронски услуги и законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

-Основата на овој процес е новиот закон за централен регистар на население со кој се предвидува воспоставување на електронски регистар на население како единствена и во реално време ажурирана база на податоци за граѓаните, рече Маневски и додаде дека податоците во овој регистар ќе се добијат со спојување на податоците од МВР, Управата за водење на матични книги и Централниот регистар.
Во моментов, нагласи, се инсталираат хардверот и софтверот потребни за непречено функционирање на регистарот.

Со законот за електронско управување и електронски услуги се обезбедува ефикасно давање на услуги по електронски пат на основа на утврдени стандарди и процедури. Со него се воведува каталогот на услуги и новиот национален портал за електронски услуги. Каталогот ќе ги содржи сите потребни информации за сите услуги што ги нуди јавниот сектор, а преку порталот граѓаните ќе можат да добиваат зголемен број на услуги по електронски пат, рече Манчевски и додаде дека порталот ќе се надградува со зголемувањето на бројот на дигитализирани услуги.

Порталот, појасни, првпат обезбедува документи по електронски пат кои се подеднакво валидни како и хартиените документи. Инструкции за добивање услуги по електронски пат, граѓаните ќе можат да добијат во Салата за јавни услуги во Скопје и во останатите канцеларии во земјава наречени „Една точка за услуги“. Регистарот и порталот, потенцира, ќе станат функционални во рок од три месеци по донесувањето на законите во Собранието.

-Дефинирање и целосно обезбедување на дигитализацијата на услугите овозможува законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Со него обезбедуваме гаранција електронските документи да имаат иста правна сила како и документите на хартија. За таа намена Владата преку МИОА обезбеди електронски печати за сите институции, а граѓаните својата електронска идентификација ќе можат да ја активираат со само едно евидентирање на системот. Тоа ќе може да го направат физички на некој од овластените шалтери на територијата на целата држава или електронски со набавување на токен, појасни Манчевски.

Нагласи дека законите гарантираат целосна доверливост и заштита на личните податоци и додаде дека генерална заложба е електронските услуги да бидат поевтини, но сепак посочи дека секоја институција треба сама да ги коригира своите ценовници за услуги.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.