Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДОМ: Клучните приоритети на ДОМ ќе бидат дел од Програмата на новата Влада

0
By Mirjana on December 16, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера, делегација од Зелената партија ДОМ во состав: Маја Морачанин претседателка, Христа Најденов потпретседател, Огнен Апостолски член на ИО и Ервин Реџепагиќ остварија средба со новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, генералниот секретар Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев. На состанокот се разговараше за програмските приоритети на ДОМ кои беа прифатени да бидат составен дел од Програмата на новата Влада.

Во делот на заштитата на животната средина и климата беше договорено дека:

1. Принципите на Европскиот Зелен договор остануваат во Програмата на новата Влада.

2. Со цел забрзување на процесот на праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија, во првите 100 дена новата Влада ќе изготви посебен Закон за обновливи извори на енергија во чија подготовка ќе бидат вклучени и претставници од ДОМ. Со овој закон ќе се реализира барањето на ДОМ за масовно користење на сонцето и ветерот во производството на електрична енергија. Ќе се поедностави и забрза постапката за добивање дозволи за поставување фотоволтаици и формирање енергетски кооперативи со цел граѓаните наместо само потрошувачи да станат и производители на електрична енергија. Целта е до 2025 година, 80% од производството на електрична енергија да биде од обновливи извори на енергија.

3. Имајќи предвид дека енергетските и климатските политики се тесно поврзани и во иднина ќе бидат тема од исклучителна важност, ДОМ предлага да се формира посебно Министерство за енергетика и клима.

 4. Во текот на следната година да се донесат: Законот за индустриски емисии, Законот за климатска акција, Законот за инспекциски надзор во животната средина.

5. Да се измени Законот за води со цел да се спречи нелегалното ископување на песок од речните корита и уништувањето на реките.

6. Итно да се усвои Законот за прекршоци со што ќе се овозможи зголемување на казните за загадувачите за животната средина.

7. Да се забрани издавање дозволи за градење нови мали хидроцентрали.

Клучен приоритет за ДОМ е да се спречи понатамошното узурпирање на јавните и зелените површини, особено во урбаните средини, со цел да се обезбеди здрав и квалитетен живот на граѓаните. Затоа бараме:

1. Да се донесе нов Закон за градење

2. Да се измени Законот за градежно земјиште. Постојната законска можност доколку лицето е сопственик на 30% од парцелата да може со непосредна спогодба да откупи државно градежно земјиште со цел окрупнување на парцелата е една од причините за узурпацијата на јавниот простор во урбаните средини. ДОМ предлага измени во Законот за градежно земјиште со кои процентот од 30% би се зголемил на 70%.

3. Да се донесе Закон за просторно планирање.

За ДОМ од исклучителна важност е новата Влада да биде посветена на унапредување на човековите права и слободи, особено на маргинализираните групи и жените. Затоа бараме:

1. Да се интензивира процесот на усогласување на законите со Истанбулската конвенција.

2. Принципот на родово одговорно буџетирање конечно да биде составен дел во подготвувањето на буџетите на институциите.

3. Со цел поефикасно спроведување за политиките за родова еднаквост да се формира Секретаријат за родова еднаквост.

Со цел реализирање на заложбата од Зелената програма на ДОМ за декриминализација и легализација на употребата на канабис, да се донесе Закон за легализација на употребата на канабис, согласно предлозите на граѓанските здруженија во Македонија и примерите од други држави како Малта, Германија, Канада.

Еден од клучните приоритети на ДОМ е измена на изборниот модел со цел демократизација на општеството и поправична претставеност на граѓаните во Парламентот. Оваа заложба на ДОМ има подршка и од мнозинството граѓани како и од голем број политички партии. Затоа бараме измената на изборниот модел да биде составен дел и од Програмата на новата Влада. Да се усвојат предложените измени на Изборниот законик за една изборна единица, отворени листи за локалните избори и 50% жени на листите за кандидати за пратеници и советници.

 

ВЛЕГУВААТ ВО ПРОГРАМАТА НА НОВАТА ВЛАДА ДОМ НЕЈЗИНИТЕ ПРИОРИТЕТИ партија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.