Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДОМ најави приватна тужба против Југохром

0
By Нова ТВ on February 19, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 19, 2015 14:57

Според експертите, Југохром во воздухот секојдневно испушта по 30 тони прашина. Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска најави приватна тужба против Југохром откако Тетовското јавно обвинителство ја одби кривичната пријава која оваа партија ја поднесе против комбинатот од Јегуновце, поради работење без еколошки стандарди.

Пријавата вели Поповска е неосновано одбиена а тужбата ќе биде поднесена наскоро.

– Од обвинителството ни рекоа дека немаат обврска по службена должност да постапуваат на основа на поднесената кривична пријава, па така кривичната ја отфрлија. Јас не се согласувам со ваквата одлука. Се работи за загадување на животната средина и природа според член 218 од кривичниот законик и загрозување на животната средина со отпадни материи според член 230, и дефинитивно тие по службена должност треба да постапат согласно пријавата. Затоа ние како партија одлучивме да поднесеме приватна тужба, која е веќе подготвена, изјави претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Електроинжинерот Илјаз Илјази од Институтот за животна средина при Универзитетот на Југоисточна Европа кој своевремено работел во Југохром, вели дека дневно комбинатот од оџаците испушта 30 тони прашина. Доколку Југохром работи според еколошки стандарди, концетрацијата на прашина во воздухот би се намалила на 800 килограми.

– Ако имаме 30 тони прашина дневно од Југохром, тогаш во воздухот секојдневно на територијата на општина Полог која опфаќа површина од околу 1000 километри квадратни, се акумулираат 250 микрограми ПМ 10 честички. Во ситуации кога немаме ветер и дожд немаме ниту циркулација на воздухот, па така математички пресметано, за цела недела во воздухот само од Југохром се таложат 1500 миккрограми ПМ 10 честички, што е за 30 пати повеќе од дозволената вредност, изјави елетроинжинерот Илјази.

Илјази вели дека за технолошкиот процес Југохром користи ќумир. На таков систем работат печките. Европските земји го отфлуваат ваквиот начин на прозводство. Затоа тешката индустрија која работи на ваков принцип се одлучува да произведува во неразвиени земји како што е Македонија.

– Поради ваквиот производствен процес, Југохром енормно го загадува воздухот. Но има и други загадувачи. Тука е виновна и општината, која недоволно ја одржува хигиената во градот. На пример, пред 10 тина години се чистеа улициите во Тетово, сега тоа го нема. Се уште нема прецизни податоци кој колку загадува. Поради тоа треба да има и мобилни станици за мерење на аерозагадување, кои би се поставиле на различни места. Треба да постои и независно тело кое ќе го мери квалитетот на воздухот, само на тој начин би добиле реална слика за загадувачите согласно барањата на Европската унија, дополни Илјази.

Од движењето Еко Герила, велат дека нема да престанат со протестите против загадениот воздух, се додека Југохром не постави филтри на оџаците а општината не преземе содветни мерки за намалување на аерозагадувањето.

– Никој не презема соодветни чекори за намалување на аерозагадувањето. Ниту владата ниту општината. Во Тетово нема јавен превоз, нема паркинг, нема никакво зеленило. Се додека не се воспостави ред во овој правец, ние ќе продолжиме со нашите герилски акции. Наскоро ќе организираме блокирање на улиците, каде неколку часа нема да ги пуштаме да поминуваат само тешките товарни возила, изјави Аријанит Џафери од движењето Еко Герила.

Владата, на комбинатот Југохром, иако не ги исполнува еколошките стандарди во два наврати му ја продолжи дозволата за работа, под услов да започне процедури за поставување филтри на оџаците.

Раководството на комбинатот, не го испочитува првиот рок даден до крајот на октомври минатата година. Вториот рок истекува на 30 април годинава, но дали е започната некаква постапка околу поставувањето на филтрите, од комбинатот Југохром како и многу пати досега не се достапни за коментар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.