Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донација од македонската дијаспора во САД за Клиниката за кардиологија во вредност од 570.000 долари

0
By Sashko on September 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 29, 2022 14:42

По повод 29 септември, Светскиот ден на срцето, министерот за здравство Беким Сали ја посети Универзитетската Клиника за кардиологија каде беше врачена нова медицинска опрема, донација на World medical relief, од македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.

„Станува збор за опрема во вкупна вредност од околу 570.000 долари, наменета за зајакнување на повеќе универзитетски клиники од која најголем дел, околу 80 проценти е наменета за Клиниката за кардиологија. Опремата е поставена на Одделот за интензивна нега во ангиографски сали и на повеќе болнички оддели, а се состои од кислородни концентратори, апарати за стерилизација, кислородни маски, неинвазивна вентилација, различен мебел, кревети, колички, потрошен материјал“, изјави Сали.

Директорот на Клиниката за кардиологија, д-р Жан Зимбаков истакна дека во изведувањето на оваа донација учествуваа и локални компании, односно логистичка поддршка дадоа компаниите „Алкалоид“ и „Фарматеј“.

„Универзитетската клиника за кардиологија во континуитет го поддржува Светскиот ден на срцето, се одбележува на денешен ден под мотото „Употребете го срцето за сите други срца“, што всушност значи дека треба да бидеме похумани, да го зголемиме ентузијазмот и да ги употребиме сите наши знаења, сите наши можности да помогнеме да спасиме повеќе срца“, порача д-р Зимбаков.

Докторка Александра Ѓоргиева од Клиниката за кардиологија вели дека со оваа донација не само што ќе се овозможи поголема сатисфакција во лекувањето на пациентите, туку и подобри услови за квалитетна едукација на младите лекари.

„Унапредувањето на условите за оваа категорија пациенти е една од главните заложби на Министерството и Клиниката за кардиологија, имајќи ја предвид специфичноста и сензитивноста на здравствената состојба на овие пациенти“, порача министерот Сали.

Потсети и дека во изминатиот период во оваа Клиника се реализирани и други инвестиции, меѓу кои реновирање на радиографските сали, реновирање на подовите и плафоните низ клиниката.

„Наскоро очекуваме отворање, односно пуштање во употреба на ангиографски систем. Во однос на зајакнувањето со кадар на оваа јавна здравствена установа, во моментот на Клиниката специјализираат околу 60 специјализанти односно млади лекари“, изјави тој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.