Цела ноќ траеше најтешкoто бомбардирање на Донецк, соопштуваат од градот.
При погодокот на проектили уништени се приватни домови, гаражи и продавници во три реони на градот.
Изутрината, украинската армија започнаla нова артилериска офанзива, а се пукаlo од реонот на аеродромот, кој е под контрола на владините сили.
Сепаратистите возвратиле на огнот.
Како резултат на артилериски оган кој го зафати и затворот со строг режим,над 100 затвореници избегале, еден загинал, а 18 се повредени.
Штети има и во штабот на блендата, како и други негови објекти.
Донецк речиси целосно е опкружена од владините сили. Градот го напуштиле околу 1,1 милиони жители, а останале околу 400 илјади.