Град Скопје досега изрече 16 казни за правење ајвар на јавна зелена површина. Но, најверојатно оваа сезона бројката на фатени „злосторници“ е поголема, бидејќи секоја општина има надлежност да казнува, а казни пишува и полицијата ако на лице место улови граѓани како прават ајвар.
Според Законот за јавна чистота од 2008 година предвидена е казна од 50 евра за поставување ќумбе на јавна површина и оставање смет. Односно правењето ајвар во дворовите околу зградите и во парковите не е дозволено.
Според овој закон, дискриминирани се граѓаните кои живеат во зграда, бидејќи оние жители кои го подготвуваат македонскиот специјалитет на приватни површини не можат да бидат казнети и на раат може да ги печат, лупат и пршат пиперките за ајвар и лутеница.