Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Досие Мишковиќ: кој е господарот на Србија

0
By Сашка Цветковска on July 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 24, 2013 12:22


Во моментов во истражниот суд во Белград се одбројуваат последните часови од времето поминато зад решетки на славниот српски тајкун Миодраг Мишковиќ. Останува да се средат уште некои формалности и по точно 7 месеци и 11 дена Мишковиќ од истражното одделение се сели во домашен притвор, овозможен со, досега највисоката исплатена кауција во Србија од 12 милиони евра.

Нема да се крие и нема да бега, со овие зборови човекот од листата на „Форбс“ чие богаство се проценува на три милијарди евра се обрати пред судот предавајќи го својот пасош. Може ли да му се верува? Дали е ова вистинска или декларативна борба против транзицискиот криминал и крупните риби? Овие прашања српската јавност си ги поставува уште од денот кога одекна веста за притворањето на Миодраг Мишковиќ.

Кој е „Господарот на Србија“?

Господар на Србија – тоа е прекарот кој одамна му е даден на Мишковиќ од страна на медиумите кои пишуваа за богаството и особено за начинот на кој тоа стекнато.
Обичниот чиновник и дипломиран економист во деведесеттите успева да стане еден од најбогатите луѓе во Србија. Покровителството на Милошевиќ му овозможува неговата тогаш тазе отворена фирма Делта М да стане гигант за многу кратко време. Доозволите за увоз и извоз, парите кои од народната банка легнуваат на банката во сопственост на Мишковиќ и обезбвреднувањето и превземањето на куп државни претпријатија подоцна од Мишковиќ навистина прават господар на Србија чии бизниси се интерконтинентални.

Се верува дека парите од државниот грабеж или фамозните кипарски милијарди кои Милошевиќ буквално ги краде од српската држава се всушност истите пари со кои Мишковиќ подоцна ја гради бизнис империјата.

Патот на украдените милијарди од српскиот народ

Кариерата најпрво ја почнува како финансиски, а потоа и како генерален директор на хемиската фабрика Жупа. Во Белград доаѓа во 1989 кога станува потпретседател на Републичкото Собрание, чин кој предизвикал изненадување имајќи ја во предвид анонимноста на Мишковиќ во политиката. Но, се верува дека функцијата и преселбата во Белград доаѓаат по наредба лично од Слободан Милошевиќ. Буквално со самото влегување во куќата во Дедиње започнува и неговиот влез на голема врата во многу бизниси.

Ја отвара „Делта Холдинг“ на почетокот на 1991 година која има пет членки – „Делта М“, „Делта Банк“, Делта осигурување“, „Делта спорт“ и „Делта МЦ“. По основањето, секоја од овие компании Мишковиќ ја дели во уште повеќе работни групации и зачекорува во секој дел од бизнисор, од аграр, финансии, продажба и производство на храна, малопродажба, автомобили, производи за широка потрошувачка итн.

Молскавичните успеси на империјата на Мишковиќ започнуваат во 1993 година за време на високата инфлација и хиперинфлација. Од Народна банка на Југославија, банката на Мишковиќ откупува девизни средства од примарни емисии. Заработувачката е застрашувачка. Потоа пензискиот фонд на Србија е целосно префрлен во банката на Мишковиќ. Почнуваат да се префрлаат парите од сите поважни и поголеми српски групации во државна сопственост, како Електродистрибуцијата и други. Со нивните сметки и пари Мишковиќ располага неограчниечно.

По падот на Милошевиќ, Мишковиќ успева да остане негибнат. Се шпекулира дека заштитата од новиот премиер Зоран Џинџиќ ја добива откако му ја „наметнува“ својата најблиска соработничка Милка Форцан со која Џинџиќ има афера. Така моќниот Мишковиќ успева да склопи уште еден сојуз со властите кој ќе го одржува и зголемува неговото богатство уште долго време. Или се до пред седум месеци.

Дали Србија „ја принесе првата жртва“ пред олтарот на ЕУ

Миодраг Мишковиќ се товари за криминал и перење пари во износ од 30 милиони евра, а заедно со него беше уапсен и неговиот син кој доби куќен притвор и други соработници.
„Србија не може никој да ја победи, не може ни Мирослав Мишковиќ!“,изјави вицепремиерот на Србија Александар Вучиќ откако Мишковиќ, видно самоуверен и убеден во својата моќ по апсењето рече дека Вучиќ може да не стигне на своето следно гостување во вестите на РТС

Кога Европската унија побара од Србија да расчисти со тајкуните, никој не веруваше дека ќе се почне и тоа од главната ѕверка.

Српската власт е горда на овој подвиг. Европската унија и лично еврокомесарот Филе праќаа охрабрувачки пораки до властите – расчистувањето со тајкуните е дел од она што тие го подразбиираат под имплементаци на владеењето на правото.

Јавноста пак е скептичма – вистински евроинтегартивни заложби или најобична фарса од која сите ќе излезат неповредени а власта ќе го билда рејтингот…или пак можеби политички рекет. Засега, српските власти добро се „држат“ во намерите да се истражи и истрае во конфронтацијата со еден од најмоќните луѓе во Југоисточна Европа.

-Високата корупција е секогаш поврзана со владите и луѓето кои имаат власт. Исто така, мора да зборуваме за тоа како функционира корупцијата, не станува збор само за пари туку и за влијание. Тоа значи да се креира амбиент во кој корупцијата е можна. Ние се надеваме дека можеме да ја уништиме оваа средина и да ја направиме корупцијата многу тешка и скапа. Во спротивно ќе го имаме истиот проблем како пред десет години – истите луѓе ги прават истите работи и истите луѓе напредуваат и прават пари додека владите се менуваат, изјави за магазинот ЕВРОЗУМ Александар Фатиќ од Центарот за безбедносни политики од Србија.

И додека Србија почнува да работи на она што се нарекува борба со организираниот криминал, македонскиот премиер се фали дека токму тој пред две години одбил мито од Миодраг Мишковиќ. Го одбил, ама не го пријавил, што и не е баш во согласност со принципите на владеењето на правото, а богами ни со законите. А самиот тој промовираше многу телефонски линии на институциите каде граѓаните можат да пријават мито и корупција. Нејсе. Засега Србите остануваат резервирани во врска со Мишковиќ. Бараат вистинска имплементација на сите закони од областа на владеењето на правото, а не само едно големо апсење кое ќе и донесе политички бодови на партијата на власт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.