И ДПМНЕ и Мицкоски треба да не дремат во публиката туку да се симнат на теренот каде што имаат две силни алатки да се спротивстават на евентуални натамошни бугарски шовинистички уцени
Зоран Иванов
Да не одговориш на ЕУ обврските и да не почнеш да отвораш реформски поглавја под некаков дебилен изговор за некаков загрозен македонски идентитет и за слични глупости не е ниту храброст ниту гордост туку е или кукавичлук или е пресметливо шиткање токму македонскиот идентитет и на македонските национални перспектива зашто еве, кажано и во оваа една реченица, битката за ЕУ не е во гледалиштето или на трибините туку е на сцената или на теренот па, оттука, и ДПМНЕ и Мицкоски треба да не дремат во публиката туку да се симнат на теренот каде што имаат две силни алатки да се спротивстават на евентуални натамошни бугарски шовинистички уцени и тоа, првата, да ги замрзанеме и, втората, ако дотаму дојде, дури и да ги напуштиме ЕУ преговорите па, и поради овие несоборливи факти, доста со плачки и доста со блефови туку ајде истрчајте на жешкиот ЕУ терен каде што се губат битки ама каде што единствено и можат да се добијат.
Текстот е сопственост на ЦивилМедиа