Партијата „Достоинство“ објавува крај на коалицирањето со Сојузот на иднината. Денеска претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов раздружувањето ќе го објави на прес-конференција, кое за НОВА го образложи:
-Посебно сме задоволни од начинот на раздружување со СДСМ и останатите партии од Сојузот за иднината. Раздружувањето не се случува вообичаено, како досегашните во Македонија, туку со висок степен на демократска култура и взаемно почитување. Остануваме жестока опозиција. Исклучено е влегување во коалиција со ВМРО. Ваквата одлука ја најавивме уште во јуни и денешното објавување е само формализирање на таа одлука.
Според плановите на Достоинство, на идните парламентарни избори тие ќе излезат самостојно и не најавуваат коалицирање со други партии.




