Движењето за реформи при ДПА изразува длабока огорченост како и сочувство до семејството, пријателите и пошироко за трагичната загуба на 4-годишното дете Алмир Алиу.
Според ДР-ДПА нападот врз семејство Алиу од Куманово и смртта Алмир, е уште еден јасен показател за присуството на болниот национализам и вулгарност, спонзорирани од страна на Владата и како што велат, секогаш на сметка на Албанците во Македонија.
ДР-ДПА реагира остро против овој нечовечки и вандалски чин a воедно ги повикува државните органи сторителите да се изведат пред суд и да се соочат со правдата, но без да бидат амнистирани останатиот дел од групата, кои биле соучесници во оваа громозорно злосторство.
– Тешкиот настан на убиството на ова дете не потсетува на многу други злосторства од оваа природа, кои остануваат се уште случаи без правен епилог. Нападите врз семејството Зеќири во Радишани, нападите врз албанските имоти во Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Охрид, двократното убиство во Гостивар, а и во други случаи каде инволвирани се вандалисти кои влегоа во албанските имоти имаат само едно објаснување: На Албанците не им е загарантирана институционална безбедност во оваа држава и нивните животи се изложени на постојан ризик, изјави денеска портпаролот на движењето, Елмир Сејфулаи.
ДР-ДПА смета дека Албанците кои страдаат од државниот систем, треба здружено да го кренат својот глас против овој зулум и свирепо убиство за да никогаш повеќе не се повторат.




