Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драма во Тетово: Двајца изгубиле голема сума на пари, запалиле казино, полицаец за влакно спасил жива глава

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 21, 2022 15:07

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица осомничени дека демолирале и запалиле казино во Тетово.

Тие сториле кривични дела – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, како и предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, велат од тетовското обвинителство.

На 18 март, во казино на улицата „Илинденска“ во Тетово, двајцата осомничени започнале да играат на апаратите за среќа. Откако изгубиле поголема сума пари, најпрвин почнале вербална расправија со припадниците на агенцијата за обезбедување на објектот. Потоа со столици и други предмети започнале да ги кршат апаратите и инвентарот во казиното. Обезбедувањето пријавило во полиција, па на местото дошле и двајца полициски службеници.

Осомничените се вратиле во објектот со пластични шишиња со бензин. Полициските службеници ги предупредиле да не влегуваат во објектот, но наредбата не ја послушале. Напротив, кон полицајците упатиле погрдни зборови и закани дека ќе ги запалат. Оттурнувајќи ги полициските службеници, осомничените започнале да истураат бензин врз тепихот, предметите, но и врз присутните полицајци и припадници на обезбедувањето. Го запалиле бензинот со запалка, по што избувнал пожар во внатрешноста на казиното, а од огнот бил зафатен и дел од униформата на еден од полициските службеници. Веднаш потоа осомничените го напуштиле местото на настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, по што со решение на Судот им е определена мерка притвор во траење од 8 дена. За едниот осомничен мерката е веќе ефективна, додека за другиот ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​​

запалено Казино Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.