Дождот и понатаму не престанува да паѓа. Постојано пристигнуваат апели граѓаните да останат дома. Како посебно критични точки се наведуваат:
– Клучката кај Автокоманда која е блокирана кај Континентал
– подвозникот на булевар Србија кон Аеродром
– дел од булеварот Кочо Рацин во Центар
– Обиколницата околу Скопје, особено кај клучката со Стајковци
– Патот накај Драчево и Пинтија
На обиколницата околу Скопје има сообраќајка, заглавени семејства со деца молат за помош, информираат вознемирени граѓани.