Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дремежот на политичките елити: Хибридната војна на Русија – закана што Европа не смее да ја игнорира

0
By Marija Todorovska on October 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одамна стана јасно како Кремљ ја користи хибридната војна за да ја дестабилизира Европа. Растојанието од хибридна војна до целосна агресија станува сè пократко. Европа е исправена пред историски предизвик. Дали демократските сили се подготвени за одговор?

Џабир Дерала / ЦивилМедиа.мк

Додека европските сојузи покажуваат сериозни знаци на раздор, директната војна меѓу Русија и Европа станува опиплива закана. Кремљ, темелејќи ја својата долгогодишна доктрина на стратешка агресија и територијално проширување, настојува да ги дестабилизира западните демократии преку хибридна војна, притоа туркајќи ултра-националистички агенди во рамките на европските граници. Дали Европа ќе одговори на време?

Оваа статија е дел од поопширна анализа за прв пат објавена на 20 октомври, која го истражува растечкиот ризик од целосна војна меѓу Русија и Европа, поттикната од хибридното војување на Кремљ и агресивните тактики низ целиот континент. Со зголемените тензии и пресметаните напори на Русија за дестабилизација, Европа стои на несигурна основа. Целата анализа е под наслов „Европа на Работ: Како руската хибридна војна може да прерасне во воен конфликт со целосни размери“.

Да – војна меѓу Русија и Европа е повеќе од возможна. Особено ако Украина биде принудена да отстапи дел од својата територија во некој договор за „замрзнување на конфликтот“, што ни оддалеку нема да биде договор за траен и праведен мир. Планот за победа на украинскиот претседател Володимир Зеленски наиде на резерви кај западните сојузници и на силен отпор од Унгарија и Словачка (членки на ЕУ и НАТО), што ќе биде само една причина повеќе за руската агресивна политика да продолжи и да се прошири на други делови од европското тло. Едноставно, Кремљ нема да се задоволи само со „замрзнување на конфликтот“ во Украина.

Рускиот диктатор Путин е свесен дека европската завеса исткаена од корупција, нерешителност и разединетост во еден момент ќе падне. Затоа, тој продолжува да ја спроведува доктрината чија основна цел е да го дестабилизира Западот. Тој забрзано работи на поддршка на ултрадесничарски и неонацистички политички партии и групи, со цел да ја уништи демократијата. Неговиот план е да врати барем дел од „империјалната слава“ на Русија или, ако сакате, Советскиот Сојуз – кога руската чизма газеше голем дел од Европа. Унгарскиот авторитарен лидер, Виктор Орбан „заборавил“ на бруталната агресија на СССР врз неговата земја во 1956 година и на Чехословачка во 1968 година, како што потсети претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен во жестокиот говор во Европскиот парламент (9 октомври 2024).

Одамна стана јасно како Кремљ ја користи хибридната војна за да ја дестабилизира Европа. Растојанието од хибридна војна до целосна агресија станува сè пократко. Европа е исправена пред историски предизвик. Дали демократските сили, институциите и државите се подготвени за одговор?

Иако во европската јавност тоа не е многу видливо, факт е дека дел од Европа веќе се подготвува за можен воен напад од Русија. Бавно, но сигурно, војната со Русија станува сѐ поверојатна. За тоа говорат повеќе факти и аргументи, почнувајќи од руската воинствена реторика што се интензивира по почетокот на целосната воена агресија против Украина во 2022 година, односно кога стана јасно дека Западот овој пат нема да ја остави Украина сосема на цедило.

Официјален Кремљ постојано говори дека Русија не е во војна само со Украина, туку со „колективниот Запад“. Тоа не е само уште еден евтин пропаганден наратив со кој Путиновата диктаторска клика се труди да го оправда срамниот неуспех на тридневната „специјална воена операција“ што се претвори во исцрпувачка и брутална војна против Украина. Тоа е војна во која руската воена машинерија – светска супер сила (!?) – го извлекува подебелиот крај уште од почетокот на војната кога украинското тло го бранеше буквално rag-tag армија и неискусни доброволци.

Наративот за „војна против колективниот Запад“ е отворено признание и воедно закана со воена агресија против (дел) од европските држави. Руските пропагандисти редовно повикуваат да се нападнат главните градови на најголемите држави во Европа, Лондон, Берлин, Париз и други. И самиот руски државен врв повеќе пати му се закани на Западот, меѓу другото и со нуклеарно оружје. Интензивна е руската воинствена реторика и конкретните закани против Полска, прибалтичките држави, Скандинавија и други држави во Европа.

На руската листа од „непријателски“ држави се 47 држави и територии, според извештајот на руски ТАСС од 20 септември 2024.

Европската Унија е на руската листа од „непријателски држави“ со исклучок на Унгарија и Словачка, каде што владеат политички структури на чело со проруски автократи. Меѓу членките на НАТО што не се на листата е и Турција. Меѓу „непријателските држави“ се и сите држави на Балканскиот Полуостров, со исклучок на Србија, што е сосема очекувано.

Непобитен е фактот дека Европа е бојно поле на континуирани и комплексни операции и хибридни тактики што ги спроведуваат непријателите на демократијата – многу подолго отколку што тоа политичките елити сакаа да признаат.

„Неутралците“ и приврзаниците на Чомски би рекле дека руската агресорска политика е одговор против западниот „империјализам и воен интервенционизам“ и слично, но тоа е, во најмала рака, релативизирање и whataboutism. Во меѓувреме – додека Европа се занимава со демократска дебата, а уште повеќе со себе – Русија и нејзините отворени и премолчани (притаени) партнери и агилни прокси играчи решително ги спроведуваат своите пропагандни, разузнавачки, субверзивни, економски, и хибридни операции.

Времето на дипломатски флоскули е (речиси) минато. Работите така стојат и, ако воопшто има место за дискусија, треба да тргне од таа точка (на вриење).

Во контекст на европскиот политички дремеж, мора уште еднаш да се нагласи долготрајноста и подмолниот карактер на руските хибридни операции. Руската хибридна агресија на европско тло се одвиваше и сѐ уште се одвива преку добро разработени мрежи кои вешто и ефикасно ги користат демократските стандарди и (да!) европските јавни пари – во своја корист. Тие со децении се вгнездуваат во демократските системи и го менуваат однесувањето на луѓето, најчесто користејќи ги токму јавните пари на даночните обврзници во демократските општества на Западот. Но тоа за Кремљ никогаш не било доволно.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 
демократија Запад Руска агресија Хибридна војна Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.