Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дрво – декор опозиција

0
By Marija Todorovska on January 9, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секако не така малата пратеничка плата ќе си легне на први, кај некои и зголемена за патни трошоци, па дајте да го истераме мандатов мирно, без турбуленции, зошто може, скраја да е, и без него да останеме. Затоа ќути, трај, какви интерпелации, какви предвремени избори, не дај Боже.

Драган Мишев

Дрво – именка, среден род. Значење на дрво: 1. Повеќегодишно растение со корен, стебло и гранки. 2 што се користи за огрев или како материјал за обработка.

Декор – именка, машки род. Значење на декор: 1. Тоа со што е украсена театарската сцена. 2. Тоа што служи, што се јавува како украс на едно место: слики, шари, предмети и сл.

Дрво – декор беше име на салон за мебел во центарот на Скопје, според кој на времето се ориентираа Скопјани за да ја одредат локацијата од каде тргнуваа автобуси за (најчесто) прекугранични патувања и екскурзии, оние вистинските, а не екскурзии со паметот.

Дрво декор во преносна смисла го користеа Скопјани ( некои кои паметат од поодамна, ја користат и денес) кога сакаа(т) да означат некого кого не го бива, и најчесто во друштвото служи како декор, безгласен и без иницијатива.

Вака поставена, кованицава денес асоцира на најголемата опозициска партија, која еве никако да се консолидира, да заземе цврст став, доктрина на дејствување, да преземе препознатливи акции (тука не спаѓаат јаловите и стерилни соопштенија искажани од партиската говорница) со кои и на дело ќе го покажат она што го повторуваа по изгубените избори, дека ја примиле пораката, и дека ќе се променат, кон подобро. Но, освен рокадите во врвот на раководните структури на партијата со старо/нови имиња, се чини дека „све је исто, само њега нема“.

Летаргијата и безидејноста која беше толку видлива пред изборите и помеѓу двата изборни круга, продолжува и денес. Оние малкумина кандидати од партиските изборни листи кои успеаја да седнат во пратеничките клупи, очигледно толку се самозадоволија со постигнатото, што ете, немаат некои посериозни примедби на работењето на новата владејачка гарнитура. Наместо остри критики, реплики, контрареплики и останатиот арсенал од пратеничкото делување, одбраа да бидат салонска опозиција комотно залегната во ложата на театарска сала како на концерт на камерна музика, додека на политичката сцена си врви водвиљот со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во главна улога, и ЗНАМ и ВЛЕН како статисти .

Секако не така малата пратеничка плата ќе си легне на први, кај некои и зголемена за патни трошоци, па дајте да го истераме мандатов мирно, без турбуленции, зошто може, скраја да е, и без него да останеме. Затоа ќути, трај, какви интерпелации, какви предвремени избори, не дај Боже.

Изгледа заради тоа „да не даде Господ“ е толкавото одење по цркви, палење свеќи и глумење верници пред камери. Од толку цркви, партиското раководство на опозициската СДСМ, претседателот, потпретседателката и други знајни и незнајни партиски функционери, мораа да се истопорат токму во Соборниот храм, со сé целата демохристијанска владејачка номенклатура на Божиќното посланиe. Пред камерите на МРТВ.

Фото: религија.мк

Па уште партиските ботови побрзаа да го овековечат настанот и поздравувањето на Филипче со Мицкоски да го прогласат како доблесна христијанска вредност, додека истото другите го коментираа како одење на бацирака кај премиерот.

Фото: религија.мк

Чуму? Дали повторно некој „експерт – аналитичар“ им подметнал „анализа“ или „истражување“ според кое, доколку се претставуваат како „Социјал Демо-христијански Сојуз“ ќе добијат некој глас повеќе? Во секуларна држава?

Очигледно, лекциите од изборниот пораз не се научени. А локалните избори се зад аголот.

Господ на помош, оти „Шарените“ одамна ги  потрошија!

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Драган Мишев интерпелација опозиција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.