Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државната матура и годинава ќе се полага како лани, новини ќе има од следниот јуни

0
By НОВА ТВ Balaban on January 11, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 11, 2022 11:31

Учениците ќе полагаат два екстерни и два интерни предмети и една проектна задача. Ќе има проширување само на листата интерни предмети за учениците во средното стручно образование поради нови образовни профили кои претходно не постоеја

Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да  се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 година.

Директорката на ДИЦ, Елизабета Наумовска, за МИА изјави дека новата концепција за матура ја планираат за 2023 година зашто ставот е дека и за овие ученици, како што рече, пандемијата е хендикеп  и иако во септември почнаа да одат во училишта, лани и преклани имаа скратени програми.

– Го чекам новиот министер за да договориме широка јавна дебата за новата концепција за матура. Можеби ќе ја организираме напролет откако ќе се смири КОВИД-состојбата која овој месец е поексплозивна. Најпрво сакам да се дебатира со самите средношколци, не само со годинашните матуранти, туку и со тие што в година ќе бидат матуранти бидејќи за нив ќе се однесува новата концепција, како и со професори и директори од средните училишта, со претставници од високото образование и потоа со пошироката јавност, рече Наумовска.

Новата концепција за идната генерација матуранти предвидува три вида државна матура т.е. според видот на образование – гимназиско, стручно и уметничко.

За годинава државната матура нема да се менува. Учениците ќе полагаат два екстерни и два интерни предмети и една проектна задача. Ќе има проширување само на листата интерни предмети за учениците во средното стручно образование поради нови образовни профили кои претходно не постоеја, за што  Државниот матурски одбор, како што рече Наумовска, пред околу еден месец одржал состанок и се направени мали измени.

ДИЦ веќе ги закажа датумите за екстерните испити од учебната 2021/2022 година во јунската испитна сесија – на 4 јуни матурантите ќе бидат тестирани по мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик и литература) и на 13 јуни ќе биде тестот по  математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија или естетика.

Учениците што ќе полагаат државна матура во јуни до крајот на декември имаа обврска да се пријават во училиштата кои, пак, до 20 јануари имаат рок да ги ажурираат податоците во електронската база на ДИЦ. Наумовска додаде дека на училиштата им дозволуваат тоа да го направат до крајот на месецов и тогаш  ДИЦ ќе има точен број на кандидати за државна матура и кои предмети ги избрале за екстерните испити.

Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради КОВИД-19, а на барањето на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит.

Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15 300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита беше 3.61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3.48.

годинава ДИЦ Државната матура Новата концепција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.