Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државната матура игра на среќа или проверка на знаењата?!

0
By Нова ТВ on July 23, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 23, 2016 12:39

Толпа вознемирени матуранти и родители трпеливо чекаат пред строгочуваните „порти“ на ДИЦ, односно Државен центар испитен. Петок-ден кога матурантите кои приговарале на оценките од матурските испити можат да си ги видат тестовите и грешките- сопствените или на оценувачите?! А главен е портирот- тој жари и пали. Ги строи строго и родителите и матурантите. Директорката на ДИЦ ја нема, никој не знае кога и дали ќе дојде.

И сега да објаснам зошто го пишувам текстот. Една од многуте жртви на овогодишната матура е мојата ќерка, нормално, и многу други матуранти. Одговорните за спроведување на матурскиот испит по англиски јазик сфатиле дека матурантите препишувале од линкови на интернет, па им дале на оценувачите можни линкови.

Првичната информација зошто има 3 по англиски јазик беше дека препишувала од некаков линк и дека така стои на нејзиот тест. Нула бодови за текстот. Потоа дека делумен е преписот, па ќе добиела некој бод. На денешниот увид линкот беше пречкртан, значи не е препис (ни целосен ни делумен). Објаснувањето е дека дала малку солуции за темата. А бодовите за вокабулар, граматика, композиција?! Дадени се 6 од 25, ама не знае одговорната да објасни како се распоредени!!!  И сѐ ова го доживеавме поради оценувачот со број 109, кој неодоворно си ја вршел задачата, а иронијата да биде поголема и ќе му биде исплатен хонорар за нечесно сработена работа. А кој ќе ги обештети нервите на матурантите и на нивните родители?!

За да биде појасно- дел од оценувачите совесно и до крај проверувале дали текстот е преземен од линк, а дел „итри“, односно несовесни, подобро кажано безобразни, без да проверат ги пишувале линковите, без да проверат дали навистина текстот е преземен или не. Зошто би се заморувале кога можат лесно да ги „прегледаат“ текстовите? Пиши им нули на текстот и уживај си. Дали некој ќе доживее нервен слом, стрес заради направената неправда, што има врска?

Непознато дете, ништо не ти значи, никогаш нема да го запознаеш. Големо чудо ако добие на матура 3, иако одлично го знае јазикот. И така не може да докаже, кој ќе го сфати сериозно. И така општоприфатено е дека македонските ученици се препишувачи, речиси криминалци. Секако,  дека ова е далеку од вистината. Ние имаме прекрасни ученици, најголемиот дел си учат чесно и чесно си ги добиваат оценките.

Да не бидам погрешно сфатена дека реагирам само поради тоа што сум лично засегната, како професор и како дел од оценувачите на државната матура, секогаш сум реагирала кај одговорните за начинот на спроведување на матурата, но најчесто без успех. На тие што ја спроведуваат матурата најважно им е во јавноста да претстават дека таа се одвива објективно, без проблеми и без големи пропусти. Но, тоа е далеку од вистината.

Сузана Черепналковска,
Професорка во СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.