Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државни службеници и директори од здравството на двонеделен семинар во Кина

0
By Менче Атанасова Точи on September 5, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две недели на Семинар за кинеска традиционална медицина во Кина. Група од 16 луѓе  лекари, физијатри, фармацевти , невролози, реуматолози, педијатар, но и двајца државни службеници во Министерството за здравство, две недели ќе учат како да ја применуваат кинеската традиционална медицина во Македонија.

Како што дознава НОВА, на двонеделниот семинар за Кинеска традиционална медицина и здравствен систем се обучуваат Владимир Милошев , државен секретар во Министерството за здравство, Сузана Маневска раководител за болничка дејност во Министерството за здравство, но и неколку директори на јавни здравствени установи, како Ангелчо Андовски директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, Маја Манолева директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Козле . Во Кина отпатувале и претставници од Медицински факултет во Штип, од Центарот за традиционална медицина, двајца анестезиолози од ГОБ „8 Септември“, физијатар и клинички фармацевт од Специјалната болница за геријатрија, лекари од Клиниките за неврологија и ревматологија.

Shanxi, местото на престој на македонските експерти

На ова егзотично  патување тимот од 16 луѓе во здравството отпатувале на покана на Владата на НР Кина, а преку Секретаријатот за европски прашања.

„ Во рамки на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина, на иницијатива на Секретаријатот за европски прашања, овозможено е спроведување билатерален семинар во близина на Пекинг, Кина, во времетраење од две недели. На семинарот станува збор за традиционална кинеска медицина и здравствена заштита прилагодено за РС Македонија. Делегацијата е составена од 16 учесници, при што трошоците за спроведување на семинарот се покриени од страна на Владата на Народна Република Кина, вклучително и трошоците за меѓународниот лет на учесниците“, се вели во одговорот на Министерството за здравство.

Од таму објаснуваат дека учесниците се номинирани од повеќе здравствени институции кои, како што велат, „на овој семинар имаат можност да го надградат своето знаење и вештини од областа на источната медицина и традиционалната кинеска медицина“.

„Организатор на семинарот е Меѓународниот Центар од провинцијата Shanxi за здравство и семејно планирање. Знаењето од овој семинар експертите ќе го применат пред се во своите здравствени институции, каде ќе можат да воведат нови алтернативни методи за лекување и советување, како и за развој на Центарот за традиционална кинеска медицина кој се наоѓа во Штип“, велат од Министерството за здравство.

Од ресорното Министерство објаснуваат дека на овој семинар од страна на кинеската влада биле  поканети и владини службеници вклучени во управување на здравството.

„Од тие причини, делегацијата е предводена од државниот секретар, д-р Владимир Милошев и раководителот на сектор за болничка здравствена заштита, Сузана Маневска. Со оваа посета нашата делегација ќе се запознае со придобивките на традиционалната кинеска медицина и како функционира во рамките на нивниот здравствен систем. Оваа посета е добра паралела за увид во функционирањето на различни здравствени системи и искористувањето на позитивните практики во земјава“, велат од Министерството за здравство.

Каде и на како ќе ги применуваат придобивките од кинеската традиционална медицина во македонските здравствени институции, се очекува Министерството за здравство детално да објасни во наредниот период, по нивното враќањето во земјата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.