По пријавата од страна на Центарот за јавно здравје, државниот санитарен и здравствен инспекторат излегол на лице место на вонреден инспекциски надзор и привремено ја затворил централната кујна во „Детска радост“, се додека не се изврши генерално механичко чистење и дезинфекција на централната кујна, соопшти денеска Вера Менкова од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
„Во текот на надзорот земени се седум мостри, седум примероци од храна вклучувајќи го и контролниот оброк и три примероци од рацете на негувателките“, изјави Менкова.
Таа надполни дека резултати од мострите сеуште не се добиени, а откако ќе се добијат од нив ќе се види какви понатамошни мерки ќе бидат преземани.
Првичните резултати обично се добиваат по 48, односно 72 часа.
Таа потврди дека до овој момент три деца се со дијагностицирана салмонела, а според неофицијални податоци симптоми има и кај пет други.
Вчера, директорката на „Детска радост“ изјави дека оттаму сеуште не знаат дали изворот на салмонела е во градинката или од друго место.
Детската градинка се наоѓа во Автокоманда и од околу 600 деца, колку што се запишани во сите единици на „Детска радост“.




