Јован Андоновски, државен секретар или “втор човек” во врвот на пирамидата на Секторот за европски прашања во Владата на РМ, на својот ФБ профил му порача добредојде на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.
“Македонија ќе го смени името кога ќерка ти ќе стане мис на светот”, му порача Андоновски на Венизелос. Оваа атипично “дипломатско добредојде” за Венизелос го споделиле повеќе од 60 ФБ пријатели на државниот секратар во владиниот ресор задолжен за европски вредности.
На една од забелешките на ФБ за тоа дека омразата не е политика, Андоновски одговара дека во постот нема омраза и дека тој само направил паралела и извел заклучок.
Тие “демократи” ја градат сопствената кариера и среќа над една национална (македонска) несреќа, коментира државниот секретар во СЕП.
Овој пост на Андоновски секако носи поени за неговата популарност во партијата на која и припаѓа а веројатно и гласачи во предизборието, но наша должност како медиум е да предупредиме дека ваквите невкусни “дипломатски” пораки од високи државни функции се само ново оружје за грчката дипломатија во нејизните обиди да ја засили нејзината супериорна позиција во однос на Македонија на меѓународен план.
Шефот на грчката дипломатија во својство на претседавач на Советот на министрите на ЕУ во Македонија доаѓа на 20 февруари. Посетата на Македонија е дел од неговата турнеја како претседавач на Советот на ЕУ на замјите од Западниот Балкан. Тема на неговата турнеја е интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ.
.jpg)
Андоновски како државен секретар во СЕП служи од 2009 година, а претходно 2 години (2007-2009) бил раководна функција во МНР, според податоците објавени на веб страната.
на СЕП.
Од 2006 – 2007, во Централниот регистар на Република Македонија е заменик генерален директор, од 2003 – 2006 е во “Марков & Чукич” Адвокатска канцеларија, додека првото вработување му е во периодот 2000 – 2002 во Собранието на Република Македонија.




