Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот завод за ревизија: Во приватното здравство се одлеале близу 20 милиони евра само за ПЦР тестови 

0
By Соња Крамарска on February 10, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Се покажа дека со популарните ПЦР тестови сепак приватните клиники заработиле богатство на сметка на граѓаните во пандемијата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиски извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување за 2021 година.

Како клучни системски слабости, притоа, го посочува тоа што за три години од граѓаните во приватното здравство, само со ПЦР тестови, се прелеани најмалку 19,9 милиони евра.

Во ревизорскиот извештај се наведува и дека не е ажурирана Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот како и тоа дека во 2021 година е реализиран значајно помал обем на услуги од договорениот надоместок, поради што 106 од вкупно 116 здравствени установи имаат добиено статус на неодржливи.

Цел на ревизијата, како што велат од ДЗР, е да се добие претстава за реалноста на  финансиските извештаи како и дали активностите и трансакциите се во согласност со законската регулатива.

Ревизорите утврдиле слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните услуги.

„Ревизорите констатираа слабости во контролите при препишување и издавање лекови, непочитување на роковите при вршењето на контролите и изрекувањето на казни, поради немање контроли исплатувани се надоместоци за боледување и кога осигурениците добивале плата, велат од Државниот завод за ревизија.

Како клучни препораки ДЗР предлага воспоставување систем на планирање, следење и редовно вршење контрола на видот и обемот на извршените здравствени услуги и издадени рецепти.

Дел од препораките се и доуредувањето на постапката и воспоставување контроли при исплатата на надоместоците за боледување и зајакнување на контролите кај условниот надоместок.

Воедно ДЗР искажа и резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година.

ДЗР ревизија Фонд за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.