Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државно земјиште во центарот на Скопје продадено за само 71 денар квадрат

0
By Нова ТВ on January 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2014 10:51

За само 3.296 евра на јавна лицитација по електронски пат Министерството за транспорт и врски продаде 2.855 метри квадратни атрактивно земјише во близина на Веро-центар, каде што е предвидено да се гради хотел на седум ката, јавуваат македонските медиуми.

На јавниот оглас за продажба понуда доставила само фирмата „Амадеус Стоун ДООЕЛ“ од Скопје“, која земјиштето го купи по цена од 71 денар за квадратен метар, што е само 10 денари повеќе од почетната цена.

Изградбата на хотелот е предвидена со деталниот урбанистички план „Маџир маало“.

Површината за градење е 1.775 квадратни метри, а инвеститорот треба фасадното обликување на хотелот да го изведе во еден од стиловите – барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам.

Купувачот е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата, а доколку не го направи тоа ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено.

Жерновски: Владата повторно на скандалозен начин продаде земјиште

Според градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, Владата повторно на скандалозен начин продала земјиште.

Жерновски посочи дека уште еднаш на виделина излегло самоволието на централната власт. Апсењето на Мирослав Шиповиќ, како што наведе, бил дополнителен проблем за општината, оти советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржале иницијативата со земјиштето на територијата на Центар да располага општината, а не се уште Министерството за транспорт и врски.

„Почетна цена едно евро за една од најубавите парцели во општина Центар.Со едно наддавање земјиштето беше продадено за 71 денар и толку дал еден и ја добил парцелата. Можете да замислите во некој друг град да се добие парцела за едно евро. Тоа се случува во Македонија. Се’ уште може да го прави Владата, зошто сега во советот сме изедначени по апсењето на Шиповиќ, и поради тоа што советниците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа предлогот општината да располага со земјиштето“, рече Андреј Жерновски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.