Published: Friday, November 15, 2013 14:08
Демократскиот сојуз најостро го осудува вчерашниот инцидент кај село Стајковци, во кој беа претепани осуммина средношколци.
Случајот покажува дека нападот претходно бил подготвен, и со крајна цел, покрај нанесување на физички повреди, да предизвика несигурност и револт на етничка основа.
Демократскиот сојуз инсистира МВР да преземе најенергични мерки и сторителите на овој злосторнички чин да бидат изведени пред надлежниот Суд.
Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани, посебно родителите да влијаат врз своите деца, за тие да не предизвикуваат и учествуваат во вакви инциденти.




