Published: Saturday, June 18, 2016 13:22
Осуда за упадот на обезбедувањето на екс-премиерот Никола Груевски во ТВ21 со цел да избришат снимки од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, стигна и од Демократскиот сојуз.
Партијата ДС најостро го осудува упадот на обезбедувањето и бара одговорност за таквиот “насилнички чин“.
– Воедно укажуваме дека секоја јавна личност мора да биде свесна за јавниот интерес и обврската на новинарите да ја информираат јавноста за сите аспекти врзани за функционери кои извршуваат или извршувале високи државни и политички функции, потенцира партијата.
Демократскиот сојуз смета дека медиумите се движечка сила на демократските процеси и јакнење на одговорноста на носителите на функции и затоа никој не смее да ги попречи новинарите во извршување на нивната мисија.




