Демократскиот сојуз го повикува Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за поведување постапка за оценување на уствноста на членот 6 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување на одговорност на судија, која тие ја доставија во февруари годинава.
>> Демократски сојуз со инцијатива пред Уставен за советот за одговорност на судии (24.02.2015)
Демократскиот сојуз побара од Уставниот суд да донесе и времена мерка за да не се имплементира овој закон бидејќи е во коализија со Уставот на Република Македонија.
ДС бара судот да се произнесе во целина, и по однос на времената мерка, затоа што на 10ти јули 2015 година треба да се одржат изборите за членови на Советот за утврдување на фактите со што директно се разорува правниот систем на Република Македонија.
– Имено, со член 6 од овој Закон се предвидува членови но Советот за утврдување на факти да можат да бидат само пензионери, кои треба да засноваат редовен работен однос и да примаат плата од 1000 евра, а сите други кадри со искуство од правосудната област се дискриминираат.
Овие членови треба да извршуваат оперативно – истражувачки активности за утврдување на одговорност на судиите, се вели во соопштението на партијата.




