Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во перидот јануари – јуни годинава изнесува 2.705.623.000 милијарди долари и бележи пад од 24 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.
Вредноста, пак, на увезената стока, во истиот период, изнесува 3.691.475.000 милијарди долари, што е за 20 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во првите шест месеци од годинава изнесува 985.852.000 милиони долари.
Трговската размена по производи покажува дека најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично. Во увозот, пак, се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, итн.
Во првите шест месеци од годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најголема трговија е остварена со Германија, со Велика Британија, со Србија, со Грција и со Бугарија.