Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДСЗИ: Штитениците од Тетово примаат евидентирана терапија од специјалисти

0
By Нова ТВ on November 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 1, 2019 19:16

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека извршиле вонреден инспекциски надзор во Воспитно поправниот дом во Тетово каде констатирале дека штитениците примаат терапија која е уредно заведена. 

Инспекторите се испратени во оваа институција по алармирањето од Народниот правобранител дека штитениците оваа установа при последната контрола биле затекнати под силна терапија со седативи, антидепресиви и други лекарства за психички растројства. 

-Во установата има згрижено вкупно 12 на штитеници, на возраст од 16 до 22 години, од кои 5 малолетни. Здравствена заштита им е обезбедена преку ЈЗУ Здравствен дом Охрид-доктор од Итна медицинска помош. Редовните посети од страна на докторот се еднаш неделно, а на повик секогаш во првите 24часа од прием на секое ново лице во установата. За извршените здравствени услуги се води уредна евиденција. Во однос на терапијата која им се ординира на штитениците во КПУ Охрид, од извршениот надзор во ЈЗУ Општа болница Охрид констирано е дека терапијата е врз основа на специјалистчки извештаи (прегледи) од психијатри вработени  во ЈЗУ ОБ Охрид. За двајца од штитениците терапијата е дадена врз основа на нивната предходна хоспитализација во ЈЗУ УК за психијатрија Скопје. За следење на здравствената состојба на штитениците се вршат редовни прегледи што се потврдува со приложените специјалистички извештаи од мај, јули, септември и октомври оваа година, се вели во соопштението од ДСЗИ.

Во посебниот извештај на Народниот правобранител што го цитираше порталот СДК.мк стои дека „од увид во медицинските досиеја при посетата во јули, констатирано е дека сите деца од ВПД ‘Тетово’ примаат јака седативна терапија препишана од матичен лекар од Здравствен Дом Охрид или од специјалист доктор невропсихијатар, психијатар. Терапијата се состои во повеќекратни дози во текот на денот, (а особено во вечерните часови), при што им се препишани следниве лекарства за смирување: Дијазепам, Хелекс, Мендилекс, Депакине, Рисперидон и други, од 5 до 20 милиграми дневно, што со оглед на возраста на децата е многу силна доза“.

Забелешките на Народниот правобранител се дека се продолжувало со терапијата без вработените во ВП Дом „Тетово“ да ги однесат на контрола овие „пациенти“ и да побараат повторно мислење од невропсихијатрите.

-За Народниот правобранител крајно неприфатливо е да не се следи состојбата на децата со таква сериозна терапија и да не се посвети внимание на симптомите кои јасно ги опишуваат и самите деца, па во тој контекст да се побара повторно мислење за пропишаната терапија од соодветно медицинско лице, се вели во извештајот.

Заменик народниот правобраните Васка Бајрамовска Мустафа вели дека „впечаток е дека поради јаките дози од терапијата која ја примаат, повеќето од нив немаат јасен фокус, делуваат отсутно и незаинтересирано за околината. Во таа смисла, неопходно е да се вршат чести контроли од страна на стручни лица – специјалист, доктор невропсихијатар или психијатар, со цел да се евалуира можноста за намалување на дозите на медикаментозна терапија која ја добиваат децата, а при тоа да се внимава на нивната психичка состојба“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.