Државниот санитарен и здравствен инспекторат утре ќе започне со вонреден инспекциски надзор за случајот со 40 годишната родилка која во сабота вечерта почина на Клиниката за гинекологија.
„ДСЗИ утре ќе иницира вонреден инспекциски надзор почнувајќи од матичниот гинеколог и матичниот лекар на пациентката, а ќе биде завршен на Клиниката за гинекологија“, изјави за НОВА,д-р. Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.
Погребот на почината 40 годишна родилка е денес, а семејството не дозволило обдукција. Со тоа, е оневозможено да се утврди вистинската причина на смртта.
На ГАК сметаат дека дефект со згрутчување на крвта, како резултат на што најверојатно дошло до одвојување на постелката е причина за смртта на родилката која била во 36 гестациска недела. Таа обилно крварела, но лекарите не можеле да направат ништо за да се спаси.
Доктор Сашо Стојчевски смета дека двете екипи направиле се што можеле, но сепак најави дека случајот ќе го испитува внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК.