Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дуално образование – Danke Deutchland

0
By Sashko on January 31, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 31, 2022 09:00

Автор: Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора на Северна Македонија

Дваесет и девет фирми-членки на Стопанската комора на Северна Македонија, преку Коморскиот инвестициски форум ќе добијат грант од 3,4 милиони евра, да го продолжат дуалниот модел на образование со седум стручни училишта и еден факултет, со финансиска поддршка од германското Федерално министерство за економска соработка и развој.

Анализите за пазарот на труд кои ги прави аналитичкиот тим на Стопанската комора на Северна Македонија покажуваат дека 36 отсто од населението се надвор од пазарот на труд, а 80 отсто се долгорочно невработени поради несовпаѓање на вештините. Ваквите податоци, но и серија други анализи на Комората во изминатите 15 години, беа клучни да го поставиме образованието на врвот на приоритетите, што како концепт веќе дава конкретни резултати.

По дигитализацијата и дуалното образование, како дел од визијата на „Комората на иднината“, одговара на потребите на бизнис-заедницата, со што Комората се позиционира како стратешки партнер, кој со своето знаење и со експертизата ги рефлектира современите трендови и практики на дејствување во брзо и во динамично општество. Станавме линк меѓу образованието и бизнисот.

По една деценија упорна и макотрпна работа на овие сложени процеси сега доаѓаат резултатите – 211 компании во минатата година, 500-тини во оваа, влегуваат во системот на дуално образование. Започнуваме темелна реформа
и во високото образование која ќе биде свртена кон вештините и потребите на бизнисот и работиме на воведување на пракса во неформално образование, што значи учење во текот на целиот работен процес или доживотно учење.

Ваквите чекори ги преточивме и во системски форми на делување во „Комората на иднината“ преку Советите за унапредување на високото образование и за стратешки истражувања и за унапредување на квалитетот на тренингот и на обуките, а го отвораме и процесот на привлекување мали и средни компании кон Комората, со формирањето на Центарот за старт-ап компании, со што го заокруживме процесот на опфаќање на сите компании во Македонија, а не само на големите.

И финансиската поддршка овозможи повеќе компании да се вклучат во практичната обука и дуалното образование. Конкретен инпут за тоа што го прави Коморскиот инвестициски форум со поддршка на финансиски средства од германското Федерално министерство за економска соработка и развој, а се реализираат преку Германската развојна банка (KfW) и Регионалниот фонд за предизвици како уникатен инструмент за финансирањe, е 3,4 милиони евра грант за инвестирање во машини и опрема во стручните училиштата и компаниите за реализација на практичната обука на 29 фирми – членки на Стопанската комора, што ќе го продолжат дуалниот модел на образование со седум стручни училишта и еден факултет, за финансирање на инвестиции
во опрема и инфраструктура за воведување на дуалното образование и реализација на практичната обука, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси.

Уште пред две и пол години, во јули 2019 година, објавив колумна во домашен
месечен економски магазин, со идентичен наслов како денешниот „Danke Deutchland“ во која напишав: „Имајќи ги предвид позиционираноста на македонската надворешна политика кон европските интеграции, но и силниот интерес на македонскиот бизнис да стане дел од единствениот пазар, логично се наметнува прашањето – имаме ли ние партнер на кој можеме да се огледаме во овие процеси, кој ќе нѝ биде поддршка, role-model, но и коректив во постапувањето?“.

Статистичките податоци за обемот на трговската размена на Северна Македонија со Германија во континуитет покажуваат дека 18 години Германија била прв трговски партнер на нашата земја. Обемот на размена за две децении е зголемен за 700 отсто. Поради ваквите бројки (кои се идентични во обем и процентуален однос и во 2019 година и сега), во колумната укажав дека бројките, но и искуствата од досегашната меѓусебна соработка упатуваат силна порака до нашата Влада дека капацитетите на нашата амбасада во Берлин треба да бидат на исто ниво како обемот на соработка кој го имаме, и економската дипломатија треба да биде еден од клучните приоритети на работата на амбасадата во Берлин“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.