Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска седна на обвинителна клупа за нападот на Демир Исмаил. Во судницата, градоначалникот Дудуш призна вина и рече дека жали за стореното, а судијата Ѓоко Ристов, му изрече казна судска опомена.

Нападниот Демир Исмаил рече дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара оштета од Дудуш. Парите најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели. Исмаил кој е претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, го обвини Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал во 2018 година. Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.