Published: Friday, July 24, 2015 10:39
Демократската унија за интеграција изрази жалење за вооружениот инцидент што се случи вчера во Куманово и ги повика надлежните органи да го расветлат до крај.
Во инцидентот едно лице загина, а двајца се повредени. Според првичните информации, во Џемаил Реџепи пукале приврзаниците на Бајрам Лимани, кој пред еден месец беше именуван за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово, од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Реџепи не се согласуваше со ова именување, и бараше претседателот на огранокот да биде избран на редовно изборно собрание.
На местото каде што е убиен во Куманово, тој требало да се сретне со Лимани, за да се координират во врска со изборот на претседател на огранокот.




